Дејвид Вајнленд

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дејвид Вајнленд
Remove ads

Дејвид Вајнленд[1] (англиски: David Wineland 24 февруари 1944 )[2]американски добитник на Нобелова награда за физика кој работи во Националниот институт за стандарди и технологија (NIST) кој претставува физичка лабораторија. Неговата работа вклучува напрдоци во оптиката, особено ласерски оладени заробени јони и употребата на јони за квантно сметачки операции. Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 2012 година, заедно со Серж Арош, за „врвните експериментални методи кои овозможуваат мерење и манипулирање на посебните квантни системи.“ [3][4]

Кратки факти Дејвид Вајнленд, Роден(а) ...
Thumb
Вајнленд во Стокхолм, 2012 година
Remove ads

Кариера

Вајнленд дипломирал во средното училиште во Сакраменто, Калифорнија во 1961 година.[1] Тој ја добил својата диплома од Калифорнискиот универзитет во 1965 година и докторат во 1970 година, под менторство на Норман Фостер Ремзи[5] на Харвард. Неговата докторска дисертација е со наслов „Атомски деутериумски масер“. Тој подоцна извршувал подокторсски истражувања во Демелтовата група на Вашингтонскиот универзитет каде ги иистражувал електроните заробени во јонски стапици. Во 1975 година, се вработил во Националното биро за стандарди, каде ја започнал јонската складишна група и е на факултетот за физика при Колорадскиот универзитет.

Вајнленд е првиот кој успеал да излади јони со помош на ласер во 1978 година. Неговите групи користеле заробени јони во многу експерименти за оснвната физика, и комнтролата на квантната состојба. Тие имаат прикажано оптички техники за да приготват терен, за суперпозиција и испреплетени состојби. Оваа работа довела до напредоци во спектроскопијата, атомските часовници и квантните информации. Во 1995 година тој го создава првата единечна атомска квантна логичка порта и беше првиот кој успел квантно да телепортира информација во масивни честички во 2004 година.[6] Бајнленд го применил најпрецизниот атомски часовник користејќи квантна логика на единечен алуминиумски јон во 2005 година.[7]

Вајнленд е член на Американското друштво на физичари, Американското друштво на оптичари, и бил избран за член на Националната академија на науките во 1992 година. Тој својата Нобелова награда во 2012 година ја поделил со францускиот физичар Серж Арош „за важните експериментални методи кои овозможуваат мерење и манипулирање на посебните квантни системи.“[3]

Remove ads

Семејство

Вајнленд е оженет со Седна Квимби-Вајнленд, и тие имаат два сина.[8]

Седна Квимби е ќерка на Џорџ I. Квимби (1913 - 2003), археолог и антрополог, кој бил професор по антропологија на Вашингтонскиот универзитет и директор на Томас Буркиевиот меморијален Вашингтоснки државен музеј, и неговата сопруга Хелен Квимби.[9][10]

Награди

  • 1990 Дејвисон-Гермерова награда
  • 1990 Мегерсова награда од Американското оптичко друштво
  • 1996 Ајнштајнова награда за ласерска наука од друштовото за оптичка и квантна електроника.
  • 1998 Рабиева награда[11]
  • 2001 Шавлова награда[12]
  • 2007 Национален медал за наука за инженерски науки[13]
  • 2009 Херберт Валтерова награда од АОД[14]
  • 2010 Бенџамин Френклинов медал за физика кој го поделил со Хуан Игнасио Сирак и Петер Цолер
  • Фредерик Ивесов медал
  • 2012 Нобелова награда за физика поделена со Серж Арош[3]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads