Дива мачка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дива мачка
Remove ads

Дивата мачка е силно животно со тркалезна глава.

Кратки факти Дива мачка, Заштитен статус ...
Remove ads

Особености

Има кратка муцка и кратки уши. Меѓу острите заби се издвојуваат острите долги песјаци. Телото е покрено со густо сиво-кафеаво крзно со напречни темни шарки. На кратката дебела опашка има црни прстени и црн врв. На предните нозе има пет прста, а на задните четири, што се одоздола секогаш црни. На прстите има канџи кои може да ги вовлекува. Градите и стомакот имаат побледа еднолична боја. Мажјакот е поголем и израснува до 90 cm во должина, од што опашката зафаќа околу 37 cm, а е тежок до 15 кг. Живее во шуми со шумски чистини. Активна е и ноќе. Лови приквечер или в зори. Внимателна е, добро трча и се качува по дрвја. Лови жив плен - зајаци, птици, глувци. При крајот на пролетта окотува до 4 младенчиња во засолниште меѓу камења или во шупливо стебло, ретко во грмушки.

Распостранетост

Освен во северна, распостранета е речиси во цела Европа. Таа е загрозен вид, зашто се лови заради ценетото крзно.[1]

Remove ads

Дивата мачка како тема во уметноста

  • „Дивиот мачор и петелот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[2]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads