Мачка
домашно животно From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Обична мачка (латински: Felis silvestris catus или латински: Felis catus) — најраспространетиот вид од семејството мачки (Felidae): како дива или домашна (Felis ocreata domestica) ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Иако ловат сами, мачките се социјални суштества и користат разни вокализации, феромон и видови говор на тело за комуникација, како мјаукање, предење, `ржење и сл.
Анатомијата на мачката е слична со онаа на другите животни од родот Мачки, со силно, еластично тело, брзи рефлекси, остри канџи и заби прилагодени за убивање ситен плен. Како ноќни грабливци, мачките го користат нивниот остар слух и вештината да гледаат во темно за да го најдат својот плен. Не само што слушаат звуци што се преслаби за да ги регистрира човечкото уво, туку тие исто така слушаат и звуци со повисока честота. Мачките исто така имаат и многу подобро сетило за мирис од тоа на луѓето.

Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат. Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од Стариот Свет (Европа, Азија, Африка) која е малку поголема и има подолга опашка.
Remove ads
Еволуција
Припитомување
Весникот The New York Times во 2007 напишал дека иако до неодамна за мачката се верувало дека била припитомена во стариот Египет каде била култно животно", [1] една понова студија, од истата година, открива дека сите домашни мачки веројатно водат потекло од африканската дива мачка (Felis silvestris lybica), припитомени некаде околу 8000 п.н.е., на Блискиот Исток.[2] Најстариот директен доказ за припитомената мачка е маче закопано до човек, уште пред 9.500 години на Кипар.[3][4]
Remove ads
Таксономија
Научното име Felis catus е дадено од Карл Линеј во 1758 година за домашната мачка.[5][6] Felis catus domesticus е име предложено од Јохан Кристијан Поликарп Еркслебен во 1777 година.[7] Felis daemon е име предложено од Константин Сатунин во 1904 година за црна мачка од Закавказје, подоцна идентификувана како домашна мачка.[8][9]
Во 2003 година, Меѓународната комисија за зоолошка номенклатура одредила дека домашната мачка е посебен вид наречен Felis catus.[10][11]
Remove ads
Карактеристики
Големина

Домашната мачки има помал череп и пократки коски во споредба со дивата мачка.[12] Има просечна должина од околу 46 cм (1.51 ст) и висина од 23–25 cм (0.75–0.82 ст), со околу 30 cм (0.98 ст) долг опаш. Машките единки се поголеми од женските.[13] Возрасните домашни мачки типично имаат тежина од 4–5 kg (8.8–11.0 lb).[14]
Скелет
Мачките имаат седум вратни пршлени (како и повеќето цицачи); 13 градни пршлени (луѓето имаат 12); седум слабински пршлени (луѓето имаат пет); три крсни пршлени (како и повеќето цицачи, но луѓето имаат пет); и варијабилен број на опашни пршлени (луѓето имаат три до пет сраснати во опашна коска).[15]:11 Поголемиот број на градни и слабински пршлени придонесуваат за мобилноста и флексибилноста на 'рбетот кај мачката.
Однесување
Мачките што живеат надвор се активни и дење и ноќе, иако имаат тенденција да бидат малку поактивни ноќе.[16] Домашните мачки го поминуваат поголемиот дел од своето време во близина на своите домови, но може да се движат во радиус од неколку стотици метри. Тие населуваат територии кои значително варираат по големина, која според една студија може да се протега од 7–28 ha (17–69 acres).[17] Времето на активност на мачките е доста флексибилно и разновидно; но како предатори при слаба светлина, тие генерално се крепускуларни, што значи дека имаат тенденција да бидат поактивни во зори и самрак. Сепак, однесувањето на домашните мачки е исто така под влијание на човековата активност, и тие можат до одреден степен да се прилагодат на навиките за спиење на нивните сопственици.[18][19]
Remove ads
Животен век и здравје
Просечниот животен век на домашните мачки е зголемен во последниве децении. Во почетокот на 1980-те тој изнесувал околу седум години,[20]:33[21] пораснал на 9.4 години во 1995[20]:33 и на околу 13 години според податоци од 2014 и 2023 година.[22][23]
Кастрацијата го зголемува животниот век на мачките; според една студија кастрираните мажјаци живеат двапати подолго од интактните, додека стерилизираните женки живеат 62% подолго од интактните.[20]:35 Кастрацијата, односно стерилизацијата на мачката носи одредени здравствени придобивки, како што се подолг животен век и намалена инциденца на неоплазми на репродуктивните органи.[24] Сепак, стерилизацијата го забавува метаболизмот[25][26][27] и го зголемува внесот на храна,[27][28] што може да предизвика гојазност кај стерилизираните мачки.[29]
Болести
Мачките можат да страдаат од различни болести, почнувајќи од вообичаени инфекции до хронични состојби. Најчеста причина за смртност кај помладите мачки (до 5 години) е траума, а кај постарите мачки (над 5 години) е бубрежна болест.[22] Некои од најчестите болести кај мачките се:
- Мачкина леукемија (FeLV) – вирус што доведува до ослабување на имунолошкиот систем;
- Мачкина имунодефициенција (FIV) – вирус сличен на ХИВ кај луѓето, што го ослабува имунолошкиот систем и ги прави мачките подложни на инфекции;
- Дијабетес – метаболичко нарушување предизвикано од недостаток или отпорност на инсулин, што доведува до високи нивоа на шеќер во крвта;
- Хипертироидизам – состојба кога тироидната жлезда произведува зголемени количества на хормони, што влијае на метаболизмот;
- Бубрежна болест – честа појава кај постарите мачки, што доведува до постепено намалување на функцијата на бубрезите и бубрежна слабост;
- Срцев црв – паразит кој се пренесува преку комарци и примарно ги зафаќа белите дробови кај мачките;
- Беснило – фатално вирусно заболување кое го зафаќа нервниот систем, може да се превенира со вакцинација.
Remove ads
Мачката како тема во уметноста и во популарната култура

Мачката се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.
Мачката како тема во книжевноста


- „Приказна за мачката“ – приказна на африканското племе Свахили.[30]
- „Кокошката и мачорот“ – приказна на африканското племе Басумбва.[31]
- „Куцото петле и мачорот“ - македонска народна приказна.[32]
- „Круг“ — кус расказ на македонскиот писател Андреј Ал-Асади.[33]
- „Ах, тоа маче“ - расказ за деца на македонскиот писател Генади Болиновски.[34]
- „Мачката и кралот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[35]
- „Мачорот и птиците“ - басна на Емброуз Бирс.[36]
- „Жена и мачка“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.[37]
- „Мачор на покривот“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[38]
- „Црн мачор“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[39]
- „Лисицата и мачката“ – сказна на браќата Грим.[40]
- „Јунаштво според јадењето“ — басна на Ристо Давчевски.[41]
- „Пријателство“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[42]
- „Мачиња — забавачиња“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[43]
- „Папагалот и мачката“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[44]
- „Мачорот крак шпоретот“ — песна на македонскиот поет Иван Ивановски.[45]
- „Четирите мачки“ (српски: Четири мачке) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[46]
- „Ќе има игранка“ (српски: Биће игранка) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.[47]
- „Концерт“ - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[48]
- „Кукањето на мачката“ (српски: Мачково јадање) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.[49]
- „Куќата на сивиот мачор“ - збирка раскази на бразилскиот писател Рибејро Коуто од 1922 година.[50]
- „Волкот и мачорот“ — басна на Иван Андреевич Крилов.[51]
- „Чуден мачор“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[52]
- „Ева е во својот мачор“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес.[53]
- „Мачка во магла“ - книга на македонскиот писател Владимир Мартиновски.[54]
- „Големата авантура на Фигаро“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера Николова.[55]
- „Мачето на Господ Бог“ - расказ на руската писателка Људмила Петрушевска.[56]
- „Петтоглава вечерна сказна за куклениот цар со тиква празна врз празните сандаци од мармалад, за црното маче Мау-Мау и за беззабиот пес од плоштад“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[57]
- „Мачката и птицата“ — песна на францускиот поет Жак Превер.[58]
- „Мачор-астроном“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[59]
- „Црна мачка“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[60]
- „Cat's Avanger“ - расказ на романскиот писател Алекс Точилеску.[61]
- „Мачка со исклучителна убавина“ - расказ на руската писателка Људмила Улицка.[62]
- „Мачка на дождот“ - расказ на американскиот писател Ернест Хемингвеј.[63]
- „Мачор“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.[64]
- „Мачорот Мур“ - роман на германскиот писател Е. Т. А. Хофман.[65]
- „Безимената мачка“ - расказ на рускиот писател Варлам Шаламов.[66]
- „Мачка во празен стан“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[67]
Мачката како тема во филмот
- „Мачка“ (Die Katze) - германски филм од 1988 година, во режија на Доминик Граф.
- „Мачорот во чизми“ (англиски: Puss in Boots) - американски анимиран филм од 2011 година, во режија на Крис Милер.[68]
- „Лошиот мачор“ (Kötü Kedi Şerafettin) - турски анимиран филм од 2016 година.[69]
- „Риба и мачка“ – ирански филм од 2013 година, во режија на Шарам Мокри.[70]
- „Мачка во вреќа“ - германски филм во режија на Флоријан Шварц.
Мачката како тема во музиката

- „Луѓе-мачки“ (англиски: Cat people) - песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви од 1983 година.[71]
- „Мачки во чинија“ (англиски: Cats In A Bowl) - песна на американската рок-група Dinosaur од 1985 година.[72]
- „Храна за мачки“ (англиски: Cat Food) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.[73]
- „Љубовни мачки“ (англиски: Lovecats) - песна на британската рок-група Кјур (The Cure).[74]
- „Кога мачката е замината“ (англиски: When the Cat's Away) - песна на швајцарската панк-рок група Клинекс/ЛиЛиПУТ (Kleenex/LiLiPUT).[75]
- „Мачки и кучиња“ (англиски: Cats and Dogs) - албум на австралиската поп-рок група Mental As Anything од 1981 година.[76]
- „Блуз за мачките-скитници“ (англиски: Stray Cat Blues) - песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1968 година.[77]
- „Дивите мачки од Килкени“ (англиски: Wild Cats of Kilkenny) - песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1985 година.[78]
- „Мачката е во ормарот“ (англиски: Cat's in the Cupboard) - песна на британскиот рок-музичар Пит Таунсенд (Pete Townsend) од 1980 година.[79]
- „Мачка“ - песна на југословенската рок-група Фит од 1988 година.[80]
- „Како да одериш мачка“ (англиски: How To Skin A Cat) - песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1985 година.[81]
- „Мачор“ (англиски: Puss) - песна на американската рок-група The Jesus Lizard од 1992 година.[82]
- „Myau“ - песна на македонската рок-група The John од 2012 година.[83]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads