Диме Трајковски

македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ From Wikipedia, the free encyclopedia

Диме Трајковски
Remove ads

Диме Јорданов Трајковски ( 1924 во Црешево 1945 во Срем) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Израснал во сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада со која учествувал во сите борби на Бригадата против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По борбите за ослободување на Скопје, учествувал во ликвидирањето на одметнатите балистички банди на Косово, а подоцна со Бригадата заминал во Срем. Бил учесник во големата офанзива на Првата југословенска армија. Во борбите за ослободување на Срем, во првата половина на април 1945 година, храбро загинал во еден судир против германските вооружени сили.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads