Димитар Далипов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димитар Далипов или Далипо (Δημήτρης Νταλίπης}}, Димитрис Далипис) e андартрски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.
Животопис
Димитар Далипов е роден во костурското село Габреш, денес Гаврос, Грција. Се вклучил во редовите на Македонската револуционерна организација и учествувал во Илинденското востание.
По засилувањето на грчката вооружена пропаганда се приклонил кон грчката кауза и ги помагал Коте Христов и Павлос Мелас. Бил поставен на чело на една андартска чета која ја обиколувала Западна МАкеедонија, а по смрта на Мелас соработувал со Георгиос Катехакис (Рувас), Евтимиос Каудис и Јоанис Каравитис.
Во 1905 година заедно со Катехакис и Павел Киров учествувал во борбата кај Желево.
На 19 ноември 1906 година заедно со Павел Киров во селото Ошчима имал судир со четите на Пандо Кљашев и Митре Влаот, во борбата загинале Димитар Далипов и Киров [1][2][3].
Во 1960 година во Габреш е подигнат негов споменик [4].
Remove ads
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads