Габреш

село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia

Габрешmap
Remove ads

Габреш — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Куманово, чиј атар се допира со подрачјето на општината Свети Николе.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 440 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 23 километри.[2] Селото се наоѓа во западното подножје на Градиштанска Планина.

До самото село води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1204 кај селото Скачковце.

Куќите на ова мало село се наоѓаат во долина во насока југ-север. Околни села се Колицко на запад, Живиње на југозапад, Кучкарево на север и Градиште на североисток. Во минатото, водата за пиење доаѓала од селски чешми и од бунари.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Белушина, Средњак, Петкова Нива, Аргачиште, Жужље, Островица, Китка, Ѓуричковица, Старо Трло, Гложје, Мало Остриче, Бајрамов Дол, Пешин Коњарник, Ливадика, Говедарник, Гнојиште, Попова Глава и други.[3]

Селото има збиен тип, не е поделено на маало и единствено се разликуваат следниве групи на родовски куќи: Пеширци, Ѓаковци, Анѓелови и други.[3]

Remove ads

Историја

Подрачјето на Габреш е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Тумба на 1 км северно од селото.[4]

Во овој дел на Кумановско, најнови села се Кучкарево, основано околу 1810 година, и Габреш, основан околу 1820 година. Основач на селото бил предок на денешниот македонски род Керџови. Една година подоцна е доселен предокот на денешниот род Анѓелови. Една година подоцна пак е доселен предокот на денешниот род Пеширови, додека другите родови дошле подоцна.[3]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 7,1 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 467,9 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 190 хектари, а на пасиштата само 36,5 хектари.[2]

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Од основањето до крајот на отоманскиот период, Габреш бил чифлиг. Прв сопственик на чифлигот бил кумановскиот Бари-бег, а подоцна имало уште неколку негови наследници. Во 1912 година имало пет-шест сопственици. По Балканските војни, дел од земјата на чифлигот ја купиле селаните, а дел ја добиле со аграрната реформа.[3]

Покрај Габреш и соседните села Скачковце и Кучкарево до крајот на отоманскиот период поминувал т.н. „Винарски пат“. Покрај него се наоѓале винови лози и се пренесувало вино од Тиквеш и Велес на југ за Србија на север. За потребите на винарските трговци помеѓу Скачковце и Кучкарево постоел ан.[3]

Југозападно од Габреш се наоѓа истакнатото возвишение Островица, што е тромеѓе на атарот на селата Габреш, Колицко и Живиње. Откако било забрането одгледувањето кози во 1948 година, на Островица пораснала бујна дабова шума.[3]

До крајот на Втората светска војна, мештаните заработиле со продавање на кози, јариња, сточарски производи и огревно дрво. По војната настапиле значајни промени и мештаните повеќе не се занимавале со сточарство, туку по еден жител од домаќинствата бил вработен надвор од селото.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Габреш живееле 135 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Габреш имало 64 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]

Селото е мало, со тенденција за раселување. Во 1961 година, бројот на населението изнесувал 202 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 82 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Габреш живеел 71 жител, од кои 70 Македонци и 1 Србин.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 44 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Габреш е македонско село.[3]

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се: Кереџовци (1 к.), први доселеници и основачи на селото. Нивните предци најпрво живееле во овчеполското село Мустафино. Меѓутоа таму ослабнале за работа, па бегот ги истерал. Прво се населиле во селото Скачковце, но и таму не ги бивало, па се решиле да се враќаат во селото Мустафино, на патот до Мустафино преноќиле на некое место близу Габреш, па утредента решиле да останат; Анѓеловци (3 к.), доселени се после првиот род, доселени се од Прилепско, го знаат следното родословие: Павле (93 г. крајот на 60-тите или почетокот на 70-тите) Стојилко-Миленко-Анѓеле, кој се доселил; Пеширци (16 к.), доселени се од овчеполското село Пеширово; Јанушевци (2 к.), доселени се од селото Колицко; Ѓаковци (4 к.), доселени се од селото Зубовце, го знаат следното родословие: Гиго (жив на 64 г. крајот на 60-тите или почетокот на 70-тите) Коле-Мишо, кој се доселил; Сандевци (1 к.), доселени се од селото Мургаш; Веле (1 к.), доселен како домазет, од селото Шашара кај Витина, овде влегол во родот Анѓеловци. Веле во Шашара бил католик.

Иселеништво

Во периодот од турското владеење во селото Кучкарево се иселиле Нешковци (2 к.). Чарапинови (5 к.) се иселиле во селото Коќура во Горна Пчиња (денес во Србија). Мишески (7 к.) се иселиле во селото Проевце. Од 1955 година од селото има повеќе иселеници отколку жители во него. Иселеништвото водело во градовите Велес (околу 15 семејства), Куманово (10 семејства) и во Скопје (6 семејства).[3]

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поглед на основното училиште во Габреш

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Габреш било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Орашац.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1962 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Павлешенци, во која покрај селото Габреш, се наоѓале и селата Градиште, Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Кутлибег, Кучкарево, К’шање, Павлешенци, Пезово, Стањевци и Строиманци. Селото припаѓало на некогашната Општина Градиште во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Габреш, Градиште, К’шање, Кутлибег, Кучкарево и Пезово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1131 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи.[14]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
  • Тумба — населба од римско време.
Цркви[15]
Манастири
Remove ads

Редовни настани

Селски слави[3]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads