Димитар Кратовски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Димитар Кратовски
Remove ads

Димитар Кратовски ― еден од најзначајните македонски книжевници од XV век, поврзан со традициите на Кратовската книжевна школа.[1][2]

Кратки факти Роден, Познат ...

Животопис

Во 1466 година, по придружба на охридскиот архиепископ Доротеј, тој направил словенски препис на Номоканонот за потребите на архиепископијата во Охрид.[2] Кон средината на XIX век, овој Номоканон сè уште се наоѓал во Охрид, каде што го пронашол рускиот славист Виктор Григорович. Меѓутоа, Григорович ги зел само последните листови од ракописот, кои сега се наоѓаат во Лениновата библиотека во Москва, во збирката на Григорович под сигнатура Ф 87 No 1707.[1] Овие листови (10) содржат опширен поговор за дијак Димитар, во кој има мошне интересни податоци за Охридската архиепископија и за историјата на Македонија воопшто.[1][2] Освен поговорот, фрагментот содржи, исто така, список на потчинетите на Цариградската патријаршија архиепископии и митрополии, речник на латински заемки што се употребени во текстот на Номоканонот со соодветен словенски превод и препис од две писма што влашкиот кнез Јоан Стефан и охридскиот архиепископ Доротеј ги размениле меѓу себе во 1456 година.[1]

Поговорот на Димитар Кратовски е интересен не само како историски извор, но и како книжевно дело. Големиот авторитет на дијак Димитар како книжевник се потврдува и од фактот што дел од неговиот поговор го користи познатиот книжевник и писател од тоа време Владислав Граматик при пишувањето на поговорот кон својот панегирик од 1469 година. Останатиот дел од Номоканонот на Димитар Кратовски досега не е пронајден.[1]

Remove ads

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads