Доротеј (охридски архиепископ)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Доротеј I бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1452 година или подоцна[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.
Султанот Мехмед II во 1466 година наредил во Цариград[nb 1] да бидат депортирани охридскиот архиепископ Доротеј, заедно со многу охридски клерици и болјари, најверојатно поради нивното антиосманлиско дејствување за време на востанието на Скендербег.[2]
Го ангажирал познатиот книжевник Димитар Кратовски да го препише словенскиот „Номоканон“ за потребите на Охридската архиепископија. Во негово време црквенословенскиот јазик бил во употреба и во архиепископската канцеларија.[3]
Remove ads
Белешки
- Името на градот во тоа време на турски било Константиние (قسطنطينيه). Официјалното име на градот било променето во Истанбул од страна на Републиканската Турска влада, на 28 март 1930.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads