Димитар Мечев

македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia

Димитар Мечев
Remove ads

Димитар Мечев, познат под прекарот Диме Мечето, — македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати.

Кратки факти Роден, Починал ...
Thumb
Споменик „Паднати за слободата на Македонија“ во Ќустендил со името на Диме Мечето (претпоследен во третата колона).
Remove ads

Животопис

Димитар Мечев е роден 1870 година во Велес, тогаш во Османлиското Царство. Основно образование завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.

Во оваа гимназија се запознал со анархистичките идеи и станал член на Гемиџиите.

Како таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година. На 28 април (нов стил) Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, при што од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени.

Следниот ден, Мечев и Илија Трчков се обиделе да го кренат во воздух резервоарот во фабриката за осветлување, но не успеале бидејќи стражарот ги избркал. Потоа, Мечев и Трчков се разделиле, а Мечев фрлил неколку бомби пред хотелот Египет. По атентатите Мечев и Трчков се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Откако фрлиле 50-60 бомби се самоубиле за да не бидат фатени од турските власти.[1][2]

Remove ads

Извори

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads