Илија Трчков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Илија Трчков
Remove ads

Илија Трчков (1884-16 април 1903) — македонски револуционер, член на Гемиџиите и еден од солунски атентатори.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Илија Трчков е роден 1884 година во Велес, тогаш во Османлиското Царство. Основно образование завршил во росниот град, а школувањето го продолжил во Солун, во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.

Додека таму се школувал се запознал со анархистичките идеии и станал дел од Гемиџиите, а коко таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година.

На 15 април Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени.

На 16 април Димитар Мечев и Илија Трчков се обиделе да го кренат во воздух резервоарот во фабриката за гасно осветлување, но не успеале бидејќии стражарот ги избркал.

По неуспехот тие се разделиле, а Трчков фрлил бомба во австриската пошта, гавазот обидувајќи се да ја исфрли бомбата, му експлодирала во раце.

По атентатите Мечев и Трчов се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Одтако фрлиле 50-60 бомби се самоубиле за да не бидат фатени од турските власти.[1][2]

Remove ads

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads