Димитар Чкатров

From Wikipedia, the free encyclopedia

Димитар Чкатров
Remove ads

Димитар Чкатров ( 1902 во Прилеп – починал во 1945 во Скопје) — член на ММТРО, ванчомихајловистичката ВМРО, МПО и претставник на бугарската фашистичка окупаторска власт во Македонија за време на Втората светска војна.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Лево на десно Антон Козаров (најлево означен со број 1), Димитар Чкатров (број 3), бугарскиот министерот за внатрешни работи Петар Габровски (број 2), Петар Думев (број 4), Димитар Ѓузелов (број 5) со нацистички поздрав го пречекуваат бугарскиот окупатор.

Студирал архитектура на Белградскиот универзитет и се вклучил во ММТРО. Бил уапсен и на судскиот Студентски процес во Скопје (1927 година), бил осуден на 10 години затвор. Пред Втората светска војна, заедно со Димитар Ѓузелов бил претставник на граѓанската опозиција која се залагала Македонија да биде федерална единица во Кралството Југославија. Во Втората свеетска војна се ставил во служба на бугарските окупаторски власти во Македонија,[1] за кои отворал читалишта и организирал културни клубови за ширење на пробугарска и профашистичка пропаганда.[2][3]

Thumb
Рачно напишано признание од Димитар Чкатров, за неговата соработка со бугарскиот фашистички окупатор.

Поради својата предавничка дејност спрема македонскиот народ во 1945 година, бил осуден на смрт од Народниот суд и стрелан.[1][2][3]

Thumb
Судење на пробугарските фашистички соработници и бугарски официри во Македонија, 1945. Од лево на десноː Ибраим, Димитар Чкатров, Димитар Ѓузелов, Панчев, Спиро Китинчев и Димитар Раев.
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads