Димче Петровски - Три

From Wikipedia, the free encyclopedia

Димче Петровски - Три
Remove ads

Димче Стефанов Петровски - Три ( 1906 во Скопје13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Завршил основно училиште, а потоа изучил занает. Работел како бравар. Уште пред војната бил меѓу напредните работници, учествувајќи во штрајковите и низа други акции организирани од страна на работничката класа. Летото 1944 година стапил во редовите на ударните групи и дејствувал на теренот на Скопје. Во тоа време диверзантските групи играле мошне значајна улога во борбата против окупаторот. Ѝ припаѓал на ударната група составена од три доброволци. Оттука го добил и прекарот Три. Постојано учествувал во уништување на германски камиони, магацини и резервоари за бензин, минирање на воени објекти, сечење на телефонски линии и слично. Покрај извршените акции, ударните групи секојдневно испраќале известувања за германските сили до народнослободителните единици што дејствувале во близина на Скопје. На 13 ноември, кога бил извршен нападот за ослободување на Скопје, водел групи борци на укрепените германски пунктови и бил активен учесник во борбите. Во таква борба кај скопската железничка станица, храбро загинал пред хотелот „Пелистер“.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads