Дионисиј II Цариградски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дионисиј II Цариградски
Remove ads

Дионисиј II (грчки: Διονύσιος Β΄) — Вселенски патријарх од 1546 до 1556 година.

Кратки факти Црква, Избран ...
Remove ads

Живот

Дионисиј се родил во Галата (сега дел од Истанбул).[1] Во 1516[2]:186 тој бил назначен за митрополит на Никеја и бил избран за епископ од страна на патријархот Теолепт I.[1]

Дионисиј бил наменет од патријархот Еремија I како негов наследник, а по смртта на Еремија тој бил избран на 17 април 1546[2]:39 поддржан од популарните манифестации и против надежите на Светиот синод.[3] За време на неговата патријаршија тој бил обвинет за зголемување на надоместокот на отоманскиот султан за назначување на патријарх, до вредност од 3000 екуси (монети) и за демолирање, наредено од султанот, на големиот крст на кровот од Манастирот Богородица Памакаристос, во тоа време седиште на патријаршијата.[4]

Позначаен настан за време на неговата патријаршија бил патувањето во Италија, во 1546, на младиот митрополит на Кајсери, Митрофан, кој неколку години подоцна ќе стане патријарх. Дионисиј го испратил Митрофан во Венеција, главно поради собирање на финансиски средства, но Митрофан исто така заминал и во Рим и се запознал со папата. Во 1548 овие новости предизвикале голема загриженост кај дел од грчкото население во Цариград, проследени со немири и обид за убиство на Дионисиј, кого го сметале за виновен како и Митрофан.[5] Дионисиј бил на работ на симнување од престолот, но никакви мерки не биле преземени против него бидејќи тој ја имал поддршката од султанот Сулејман Величествениот.[6]

Дионисиј владеел сè до неговата смрт. Датумот за смртта е спорен помеѓу научниците, како резултат на тоа предложени се неколку дати, 1554 и 1555, но најверојатно точниот датум е јули 1556,[2]:46 заклучок донесен од документите на Венеција.[5] Тој бил погребан во манастир на островот Халки.[1]

Remove ads

Белешки

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads