Касиј Дион

грчко-римски државник и историчар From Wikipedia, the free encyclopedia

Касиј Дион
Remove ads

Касиј Дион (ок.165 – ок.235; старогрчки: Δίων Κάσσιος, Дион Касиј; латински: Lucius Cassius Dio) — римски историчар и сенатор со грчко потекло по мајка. Ја обработил историјата на Рим во 80 тома, почнувајќи од доаѓањето на Енеј во Италија. Делото поматаму ги документира основањето на Рим (753 г. п.н.е.), настанокот на Републиката (509 г. п.н.е.) и создавањето на Царството (27 г. п.н.е.) сè до 229 г., за време на царот Александар Север. Напишано е на старогрчки во текот на 22 години и опфаќа повќе од едно илјадалетие. Многу од книгите опстануваат неизменети или како одломки, што дава подробен увид во римската историја.

Кратки факти Касиј Дион, Роден/а ...
Remove ads

Животопис

Луциј Касиј Дион бил син на римскиот сенатор Касиј Апронијан од родот Касии. Се родил и изранал во градот Никеја во Витинија, Мала Азија. Византиската традиција вели дека мајка му на Дион била ќерка или сестра на грчкиот говорник и филозоф Дио Хрисостом, но ова е спорно. Иако бил римски државјанин, Дион пишувал на старогрчки. Секогаш бил приврзан за родниот град, а Италија ја сметал за странска земја.[1]

Поголем дел од работниот век го провел во државна служба. Бил сенатор за време на Комод и управник на Смирна по смртта на Септимиј Север; станал довршителен конзул околу 205 г. Бил на службата проконзул во Африка и Панонија. Александар Север имал највисоко мислење за Дион и повторно го назначил за конзул во 229 г. По второто конзулство во поодминати години се вратил во татковината и таму умрел.[2][3]

Дион бил дедо или прадедо на Касиј Дион, конзул во 291 г.[4]

Remove ads

„Римска историја“

Дион го објавил делото „Римска историја“ (Ῥωμαϊκὴ Ἱστορία, Historia Romana) во 80 книги, по 22 години истражување и труд. За вложениот труд авторот вели: „Проведов десет години собирајќи ги сите достигнувања на Римјаните од почетокот, па сè до смртта на Септимиј Север [211 г.], и уште дванаесет години во пишување на делото. Понатамошните настани исто така ќе бидат запишани дотаму кајшто можам“.[5][6]

Во книгите се обработува период од околу 1.400 години, почнувајќи од митските приказни за доаѓањето на јунакот Енеј во Италија (ок.1200 г. п.н.е.) и основањето на Рим од неговиот потомок Ромул (753 г. п.н.е.); како и историски настани од републиканскиот и царскиот период сè до 229 г. Ова е едно од само три римски извори кои ја документираат Британската буна во 60–61 г. предводена од Будика.[7] Сè до I век п.н.е. Дион дава само краток преглед на настаните, а потоа описите стануваат поподробни.

Преглед на книги и одломки

Првите 21 книги се делумно реконструирани според одломки преземени од други дела, како и од епитомот на Јован Зонара (XII век), кој се служел со Дионовата „Римска историја“ како главен извор. Научната обработка на Дионовото дело е ретка, но треба да се подвлече важноста на ранорепубликанскиот и кралскиот период во севкупниот труд на Дион.[8] Книгите 22-35, кои се оскудно застапени во одломки, веќе биле изгубени во времето на Зонара.[9]

Книгите 36-54 се речиси целосно зачувани; го покриваат периодот од 65 до 12 г. п.н.е., или од источниот поход на Помпеј и смртта на понтскиот крал Митридат VI до смртта на Марко Випсаниј Агрипа. Книга 55 има значителна празнина, а книгите 56-60 (кои го обработуваат периодот од 9 до 54 г.) се целосно зачувани и ги опфаќаат настаните од поразот на Вар во Германија до смртта на Клавдиј.

Од 20-те понатамошни книги во низата опстануваат само одломки и оскудно скратено издание на византискиот калуѓер Јован Ксифилин од XI век под покровителство на царот Михаил VII Дука. Скратеното издание на Ксифилин, во обликот каков што го имаме денеска, почнува со Книга 35 и продолжува до крајот на Книга 80. Последната книга го опфаќа периодот од 222 до 229 г. (првата половина од владеењето на Александар Север).

Зборници на одломки од книгите

Одломките од првите 36 книги се собрани на четири начини:

Валоаови одломки (Fragmenta Valesiana)
Одломки расеани по разни писатели, схолијасти, граматичари и лексикографи, и собрани од Анри Валоа
Пејрескови одломки (Fragmenta Peiresciana)
Големи извадоци најдени во одделот насловен како „За доблестите и пороците“, содржатни во збирката или преносна библиотека составена по наредба на царот Константин Порфирогенит. Овој ракопис му припаѓал на Никола-Клод Фабри де Пејреск.
Орсинови одломки (Fragmenta Ursiniana)
Извадоци од првите 34 books, зачувани во вториот оддел на истото дело од Константин, насловено како „За пратениците“. Ракописот е најден во Сицилија од Фулвио Орсини.
Ватикански извадоци (Excerpta Vaticana)
Ватиканските извадоци на Анџело Маи содржат одломки од книгите 1-35 и 61-80. Покрај тоа, вклулчени се и одломки на анонимен продолжувач на Дион (Anonymus post Dionem), за кој се смета дека е историчарот Петар Патрикиј од VI век; овие датираат од времето на Константин Велики. Други одломки од Дион порвзани со првите 34 книги се најдени од Маи во два Ватикански ракописа; овие содржат збирка составена од Максим Плануд. Летописите на Јован Зонара исто така содржат бројни извадоци од Дион.
Remove ads

Содржина

Еве преглед на содржината на делото „Римска историја“.

Книги од делото „Римска историја“

Повеќе информации Книга, Опис ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads