Дијабло
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дијабло (шпански: Mas Sabe el Diablo) — американска теленовела од 2009 до 2010 година од Телемундо.[1]
Глумечката екипа е составена од Хенкарлос Канела, Габи Еспино, Мигел Варони и Карла Монрој.[2]
Remove ads
Синопсис
Пред 20 години, младата слугинка Есперанса Салвадор, добива дете од синот на семејството на чиј мексикански имот таа работи. Семејството Асеро, поготово мајката Грациела, бременоста воопшто не ја одобрува, па ја носи Есперанса во клиника за абортуси. Девојката успева да побегне, добива виза и се сели во Мајами, за да може да биде поблиску до такото на детето, Мартин, кој живее во Њујорк. Доаѓањeто во големиот град, ќе и зададе нови проблеми посебно кога таа ќе биде нападната и ограбена, а на тие маки, таа го пораѓа Анхел. Години подоцна, њујоршките улици се втор дом за снаодливиот Анхел, кого сите во квартот го знаат како Ѓаволот. Заради своите вештини во крадењето, и покрај своето добро срце, тој станува член на криминалното друштво кои се специјализирани за големи кражби, со што подоцна ќе плати и со затворска казна. Така ја запознава адвокатката Мануела Давила, привлечна девојка која не ни помислува дека симпатичниот криминалец за чија слобода се бори, ќе и го смени животот. После излегувањето од затвор, Анхел е одлучен да започне нов живот, што подалеку од криминалот и кражбите, но дознава дека неговата мајка му е должна на Леон Белтран, шеф на бандата за којапред тоа работеше. Криминалецот и ги платил болничките трошкови на Есперанса додека Анхел бил затворен, а единствен начин за враќање на долгот е повторно да биде дел во кражбата за време на една добротворна забава. На забавата, Анхел и Мануела повторно се среќаваат, а симпатиите од двете страни би можеле да влијаат врз нејзината одлука, дали да се омажи за Мартин или не, кој воедно е татко на Анхел.
Remove ads
Улоги
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads