25 мај
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Мај 2025 25 мај — 145-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (146-и во престапна година). Остануваат 220 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1810 | Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започна бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презеде привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година. |
| 1850 | Во лондонската зоолошка градина пристигна Обајш, првиот нилски коњ донесен во Европа. |
| 1895 | Британскиот писател Оскар Вајлд е осуден на две години затвор поради хомосексуалност. |
| 1911 | Претседателот на Мексико, Порфирио Дејас поднесе оставка на функцијата по победата на револуционерните сили над владините трупи во граѓанската војна во државата. |
| 1946 | Парламентот на Трансјорданија го прогласува емирот Абдула I за крал. |
| 1958 | Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали „Силика“. |
| 1963 | Во Адис Абеба заврши Самитот на африканските држави, на кој учесниците потпишаа Договор за создавање Организација на африканско единство. |
| 1967 | „Селтик“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал, победувајќи го во финалето „Интер“ од Милано. |
| 1977 | „Ливерпул“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал. |
| 1979 | Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот „ДЦ-10“ на „Американ ерлајн“, при што загинаа 272 патници и членови на екипажот. |
| 1985 | Во Бангладеш, од тропски циклон загинуваат околу 100.000 жители |
| 1985 | Српската академија на науките и уметностите одлучува да создаде меморандум за политичката, економската, и културната положба на српскиот народ во СФРЈ. |
| 1988 | „ПСВ Ајндховен“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал. |
| 1997 | Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви. |
| 2002 | Авионаска несреќа на кинески авион во Тајван. Загинуваат 225 патници. |
| 2002 | Никола Груевски станува претседател на ВМРО-ДПМНЕ. |
| 2005 | „Ливерпул“ победил во Лигата на шампионите во фудбал, победувајќи го во финалето тимот на „Милан“. |
| 2013 | Тимот на Баерн Минхен ја освоил Лигата на шампионите. |
Родени:
| 1802 | Јохан Фридрих фон Брант — германски зоолог. |
| 1803 | Ралф Валдо Емерсон — американски предавач, есеист и поет. |
| 1848 | Хелмут фон Молтке — германски армиски началник. |
| 1875 | Петар Дрвингов — полковник во бугарската армија и историчар. |
| 1887 | Свети Пио — капуцински католички свештеник од Италија. |
| 1897 | Џејмс Тани — американски боксер. |
| 1902 | Стале Попов — македонски писател. |
| 1948 | Булент Аринч — турски политичар. |
| 1952 | Петар Стојанов — претседател на Бугарија. |
| 1953 | Даниел Пасарела — аргентински фудбалер и тренер. |
| 1953 | Гаетано Ширеја — италијански фудбалер. |
| 1957 | Едер — бразилски фудбалер. |
| 1958 | Пол Велер — англиски рок-музичар, член на групата Џем (The Jam). |
| 1961 | Тите — бразилски фудбалер и тренер. |
| 1963 | Рисима Рисимкин — македонска балерина и кореограф. |
| 1964 | Тахир Синани — поранешен член на ОНА. |
| 1967 | Фехим Хусковиќ — македонски академски сликар. |
| 1976 | Сандра Насиќ — германска пејачка, вокалистка на групата Гуано Ејпс (Guano Apes). |
| 1979 | Карлос Боканегра — американски фудбалер. |
| 1987 | Камил Штох — полски скокач со скии. |
| 1987 | Павел Атман — руски ракометар. |
| 1987 | Ијан Станард — британски велосипедист. |
| 1999 | Ибраима Конате — француски фудбалер. |
Починале:
| 1085 | Григориј VII — римски папа. |
| 1261 | Александар IV — римски папа. |
| 1924 | Љубов Попова — руска сликарка. |
| 1926 | Симон Петљура — украински политички деец. |
| 1944 | Манчу Матак — македонски комунистички деец и народен херој. |
| 1965 | Сони Бој Вилијамсон II — американски блуз-музичар. |
| 1994 | Сони Шарок — американски џез-музичар. |
| 1995 | Крешимир Ќосиќ — хрватски и југословенски кошаркар. |
| 2001 | Алберто Корда — кубански фотограф, познат по неговата фотографија Guerrillero Heroico („Херојскиот герилец“) на марксистичкиот револуционер Че Гевара. |
| 2010 | Александар Белостењи — украински и советски кошаркар. |
| 2010 | Ерих Кош — српски и југословенски писател. |
Празници:
| * | Ден на младоста во СФРЈ |
| * | Ден на независноста на Аргентина |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads