Добовјани

село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia

Добовјаниmap
Remove ads

Добовјани — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Добовјани се наоѓа во централниот дел на Струшко Поле, на десната страна на Црн Дрим, во Општина Струга. Селото до 2004 година припаѓало на сега непостоечката Општина Велешта. Се работи за рамничарско село кое се наоѓа на надморска височина од 790 метри. Добовјани се наоѓа на 12,1 километар оддалеченост од градот Струга. Селото поседува еден од најмалите атари во Република Македонија - само 1 квадратен километар.

Remove ads

Историја

Селото било зафатено со борбите за време на Илинденското востание.

Познатиот српски писател Бранислав Нушиќ во својот патопис Крај бреговите на Охридското Езеро вака го опишува селото Добовјани во првата половина на XX век:

Погоре од Велешта, на Дрим, лежи селото Добовјани со 35 арнаутски куќи. Ова село лежи од двете страни на реката, а од десната страна има само три куќи. Куќите се многу расштркани. Тука е и мостот на Дрим преку кој води пат за Dебар и Струга, а тука е и друмскиот ан кој го држат Арнаути, синови на некојси Шаит од Добовјани.

На крајот на XIX век, селото дел од Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.

Според податоците од 1873 година, селото имало 42 Македонци мажи.[2]

Remove ads

Стопанство

Во селото најзастапено е полјоделството. Обработливото земјиште зафаќа 79.8 хектари. Селото припаѓа на хидросистемот „Струшко поле“, поточно на потсистемот „Ложани“.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Добовјани живееле 390 жители, од кои 240 Македонци и 150 Албанци.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дабовјани е претставено како мешано македонско-албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци.[5]

Пописот во 1991 година не бил целосно одржан во Добовјани, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема целосни податоци.

Добовјани е средно по големина село во околината на Струга, коешто броело 261 жител во 1961 година, додека во 1994 година бројот се зголемил на 424 жители, албанско население.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 475 жители, од кои 473 Албанци и 2 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 237 жители, од кои 235 Албанци и 2 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Добовјани е албанско село.

Родови во селото се: Мусаи (12 к.) доселени се од областа Матија во Албанија, они се први доселени во селото, доселени се во 1800та година. Го знаат следното родословие: Алија (жив на 54 г. во 1980 година) Шабан-Реџеп-Аљуш-Ајдар-Муса, основачот на родот кој се доселил; Туши (14 к.) доселени се од Дебарско, дошле после претходниот род; Полиси (12 к.) доселени се од селото Полис во близина на Елбасан, Албанија; Халку (6 к.) доселени се од дебарско; Дешку (2 к.), Шеху (2 к.), Винца (1 к.) и Каца (1 к.) доселени се од соседното поголемо село Велешта, подалечно потекло на овие родови е од дебарско.[12]

Remove ads

Самоуправа и политика

За време на избори се гласа во основното училиште.

Литература

  • Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 97 стр.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads