Добрила Пуцкова
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Добрила Пуцкова (родена на 6 јуни 1926 во Куманово - починала на 23 февруари 2007 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.[1]
Remove ads
Животопис
Добрила Пуцкова е родена на 6 јуни 1926 во Куманово, каде го завршила своето образование. По положената аудиција, таа влегла во првиот состав на Драмата на Македонскиот народен театар во 1945 година, во кој останала во текот на целиот работен век, односно до пензионирањето во 1982 година.
Во 2002 година добила Награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп[2]. Починала на 23 февруари 2007 во Скопје.
Remove ads
Театарски улоги (избрана театрографија)
- Валја (Платон Кречет, 1945);
- Вера (Некаде во Москва, 1947);
- Феба (Како што милувате, 1948);
- Васка (Задруга, 1950);
- Анжелика (Вообразен болен, 1952);
- Дездемона (Отело, 1954);
- Сестра Анжелика Глембај (Господа Глембаеви, 1955);
- Магдалена (Домот на Бернарда Алба, 1956);
- Коштана (Коштана, 1956);
- Госпоѓа Линде (Нора, 1957);
- Неда (Црнила, 1961);
- Ана Копецка, крчмарка кај криглата (Швејк во Втората светска војна, 1963);
- Дара (Госпоѓа министерка, 1965);
- Бранка (Матурска вечер, 1966);
- Кејт Пар (Хенри VIII и неговите шест жени, 1967);
- Гаиса Илинишина Шелавина (Без вина виновни, 1968);
- Клитемнестра (Електра, 1970);
- Прасковја Дроздова (Бесови, 1978).
Remove ads
Филмографија
- Волчја ноќ (1955: главна улога)
- Мирно лето (1961, главна улога)
- Антица (1969, главна улога)
- Нешто многу деликатно (1970, споредна улога)
- Прва вечер (1974, главна улога)
- Учителот (1980, споредна улога)
- Првите цутови (1981, главна улога)
- Слана во цутот на бадемите (1982, споредна улога)
- Едно лето (1982, главна улога)
- Јагне на ражен (1982, споредна улога)
- На наш начин (1985, споредна улога)
- Чорбаџи Теодос (1987, главна улога)
- Трето доба (1987, главна улога)
- Ангели на отпад (1995, споредна улога)
- Време, живот (1999, главна улога)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads