Доганџи
село во општината Седес, Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Доганџи или Дованџи (грчки: Άγιος Αντώνιος, Агиос Андониос; до 1927 г. Δογαντζή, Доганѕи[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Седес на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 546 жители (2021).
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на Халкидичкиот Полуостров, јужно од Солун и јужно од Седес. Лежи на планината Холомонда.
Историја
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Доганџи било турско село, не наведувајќи го бројот на жители.[3]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 13 жители, кои во 1920 г. се накачило на 20 лица.[4] Во 1924 г. населението на Доганџи како турско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На негово место се доселени грчки доселеници — околу 80 % Понд (претежно од селото Агиос Андониос), 25 % Каракачани и 5 % од Тракија. Во 1927 г. е преименувано во Агиос Андониос, по старото село на највеќето дојденци. Во 1928 г. Доганџи е претставено како наполно дојденско село со 9 семејства сочинети од 37 лица.[5]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads