Седес
град во Солунско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Седес (грчки: Θέρμη, Терми; до 1926 г. Σέδες, Седес[2]) — град во Солунско, Егејска Македонија, денес административен центар на општината Седес на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 19.602 жители (2021). Сè до Првата светска војна било населено исклучиво со македонско население.[3]
Remove ads
Географија и местоположба
Градот се наоѓа во северозападниот дел на Халкидичкиот Полуостров, 5 км југоисточно од Солун. Западниот дел на градот излегува на Солунскиот Залив. Лежи на надморска височина од 65 м.[3]
Историја

Османлиско време
Кон крајот на XIX век Седес бил чифлиг во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г., Седице (Seditze) имало 35 домаќинства со вкупно 160 жители Македонци.[4][5]
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Седес имал 200 жители, сите Македонци[4] христијани.[6] Секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) наведува дека во 1905 г. в Седес (Sedés) имало 135 жители од грчка народност,[7] што е погрешно.
Според грчкиот просветар Димитриос Сарос во 1906 г. Седес (Σέδες) било словенојазично (македонојазично) село во Касандриската митрополија на патријаршијата со 65 жители. Во него работела грчката пропаганда со едно основно училиште со 4 ученици и 1 учител.[8]
Припојување кон Грција и доселување на Грци
Со Букурешкиот договор во 1913 г. Седес е припоен кон грчката држава, кога имал 191 жител.[3] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека за време на Првата светска војна Седес се свел на 8 куќи, сите Македонци.[9]
Првите доселеници (60 семејства) се доведени уште во 1914 г. од Мандрица и Источна Тракија (Турио, Ќупли, Фенер и Цариград). Во 1924-25 г. пристигнале 73 семејства од Станимачко (претежно од Горен Воден), а во 1926 г. се доведени 64 семејства од Понд, 27 семејства од западна Мала Азија, 20 од Тракија и 4 од Кавказот. Со тоа, во 1930 г. населението се зголемило на 526 жители[3] и населбата добила прилично мешан карактер, при што Македонците станале малцинство во сопственото село. По 1920 г. дошле и неколку семејства Власи и Каракачани.
Во 1926 г. Седес е преименуван во Терми. Во 1928 г. селото е заведено како мешана населба со вкупно 1.156 жители, од кои дури 763 (181 семејства) биле дојденци.[10]
Доградби и припојување
По Граѓанската војна 2 км југоисток од старата населба почнала да се гради нова наслелба, која го добила старото име Седес (старата претходно била преименувана во Терми). Во неа е преместено дел од населението на старта населба, така што во 1961 г. се заведени 1.034 жители, а во 1971 г. нивниот број опаднал на 828.[11] Ова се должи на созавањето на населбата 21 април (Икости Проти Априлиу), наречена во чест државниот удар на воената хунта, која добила статус на посебно место, со 493 жители. Почнувајќи од пописот во 1981 г. двете населби почнале да се бројат заедно. По соборувањето на хунтата, местото е припоено кон (новосоздадениот) Седес/Седес, па така во 1981 г. населбата 21 април, стариот и новиот Седес се бројат заедно.[12]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Градот припаѓа на општинската единица Седес со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Седес, во округот Солун. Воедно, градот е дел од општинскиот оддел Седес, каде спаѓа и селото Кајачали.
Стопанство
Основно занимање на населението е земјоделството. Главни производи се житото, грозјето и тутунот.[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads