Долгодневица[7] или летен сонцестој — деноноќието кога денот е најдолг, а ноќта најкуса. Таа се случува еднаш во годината, и тоа на северната полутопка околу 21 јуни, а на јужната околу 21 декември. Долгодневицата го означува и преодот на годишните времиња од пролет кон лето.