Долно Иваново
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Иваново (грчки: Κάτω Άγιος Ιωάννης, Като Агиос Јоанис) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 9 километри северно од градот Катерина и на 6 километри западно од центарот на општината, Коринос. Селото се наоѓа на надморска височина од 61 метри[2].
Историја
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 56 семејства и 203 бегалци[3], додека во 1940 година селото броело 488 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 465 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 823 жители, во 1971 година имало 651 жител, во 1981 година имало 688 жители, додека во 1991 година имало 678 жители[4]. Денеска, населението на селото е 603 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads