Долно Каласлари
село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Каласлари (или Долно Караслари) — село во Општина Велес, во областа Клепа, во околината на градот Велес.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во источниот дел на Општина Велес, непосредно до трасата на автопатот Е-75. Селото е рамничарско на надморска височина од 210 метри, и е оддалечено 9 километри јужно од Велес и 38 километри северно од Неготино и 37 километри северно од Кавадарци.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Каласлари живееле 110 жители, сите Македонци.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[3]
Долно Каласлари е средно по големина село, коешто во 1961 година броело 330 жители, од кои 309 Македонци, 18 Албанци, 1 Србин и само 2 останати. Во 1994 година бројот се зголемил на 436 жители, од кои 435 биле Македонци и само еден останат.
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 446 жители, од кои 443 Македонци, 1 Србин и само 2 останати.[4]
Од демографски асект е интересно тоа што за разлика од Горно Каласлари каде мнозинството се Албанци и бројот на населението опаѓа, овде во Долно Каласлари живеат само Македонци и бројот на население расте.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 410 жители, од кои 335 Македонци, 3 Албанци, 1 Србин и 71 лице без податоци.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Remove ads
Стопанство
Со развојот на мали претпријатија и формирањето на индустриска зона на излезот од Велес кон Прилеп, многу стопанственици отвориле свои фирми во и околу Долно Каласлари. Најзначаен трговски центар е „Оlympus Plaza“ - Велес со седиште во Долно Каласлари со вкупно 3000 работници. Потоа други значајни фирми се: „АУТОЛ-М“ (сервис за автомобили), „Мотел Македонија“, „Макоил“, „Макпетрол“ и некои други помали фирми.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2193 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Горно Каласлари.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 396 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Тумба — тумул од железно време
- Чука — наоѓалиште од непознат тип од предримско време
- Палеонтолошко наоѓалиште
Палеонтолошко наоѓалиште кој се наоѓа околу 3 км југоисточно од Велес во близина на селото Каласлари. Фосилното наоѓалиште е откриено во 1973 година при изградбата на автопатот Велес - Гевгелија. По богатството на пронајдените фосилни цицачи (коњи, газели, сабјозаби мачки. жирафи, свињи, кучиња и др.), ова наоѓалиште се вбројува во едно од најпознатите кои досега се откриени во светот. Површината на заштитениот простор изнесува 148 ха.
Remove ads
Редовни настани
Во Д. Каласлари на ден 6 мај секоја година се прославува славата Ѓурѓовден. Веќе неколку години наназад на овој ден се одржува и турнир во мал фудбал, каде што учествуваат повеќе од 15 екипи од различни места.
Иселеништво
Од селото иселеништво има во Турција, каде се иселило турското население.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads