Долно Татеши
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Татеши — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во северните предели на Струшкото Поле.
Историја
На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 160 муслимани.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Татеши (Горно и Долно) живееле 750 жители, од кои 450 Албанци и 300 Македонци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Татеши (Горно и Долно) е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 48 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 699 жители, од кои 697 Албанци и 2 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 351 жител, од кои 1 Македонец, 349 Албанци и 1 лице без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Долно Татеши е албанско село.
Родови во селото се: Рамани, Дика, Беќири, Азизи, Ферати, Суља, Ризвани и Алими. Сите родови заедно имаат 58 куќи). Намножени се од ист предок Азиз кој се доселил од селото Слатино, Голо Брдо (Албанија); Тоски (3 к.) доселени се од соседното планинско село Тоска, таму се доселени од селото Велчани во јужна Албанија.[12]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads