Дорштат

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дорштатmap
Remove ads

Дорштат (германски: Dorstadt) — општина во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Кратки факти Земја, Местоположба на Дорштат во рамките на округот Волфенбител ...
Remove ads

Географија

Дорштат се наоѓа на северните делови од подножјето на планинскиот масив Харц. Општината се протега од источните делови на ридскиот масив Одервалд до реката Окер, на половина пат помеѓу Волфенбител и Шладен. Соседни општини се Орум на север и Хајнинген на југ, како и Берсум источно на Окер.

Историја

Населбата била првпат спомената во декрет од 1110 година, кога епископот Удо од Хилдесхајмската епископија му ја доделил епископската тврдина во Шладен на саксонскиот благородник Ајко од Дорштат.

Thumb
Урнатини на манастирската црква

Во 1189 година, владетелите на Дорштат, охрабрени од нивниот роднина, епископот Аделог од Хилдесхајм, го основал августинскиот манастир. Неколку децении манастирот се развивал, а во 1438 година големи делови од имотот биле уништени од пожар. По несогласувањето со епископијата, Дорштат преминал во Војводството Брауншвајг-Линебург. Со реформацијата, манастирот станал протестантски под владение на војводата Јулиј од Брауншвајг-Волфенбител во 1568 година.

Меѓутоа, Дорштат бил вратен на Хилдесхајм во 1643 година, манастирот пропаднал и бил повторно населен со католички монахињи по Триесетгодишната војна. Изборниот кнез Максимилијан Хајнрих од Баварија ја отпочнал обновата на манастирот во барокен стил од 1680 година. Откако Хилдесхајмската епископија била секуларизирана и дадена на Прусија во 1803 година. Дворецот во Дорштат е приватен посед.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads