Драгошки манастир

манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Драгошки манастирmap
Remove ads

Драгошки манастирманастир во близина на битолското село Драгош.[1] Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Баба Планина и непосредно на самата гранична линија со Грција.

Кратки факти Информации, Целосно име ...
Remove ads

Местоположба

Манастирот се наоѓа јужно од селото, покрај државната граница.[2]

До манастирот води асфалтен пат, кој започнува од сретселото на Драгош.

Историја

Манастирот бил подигнат во текот на XIX век.[3]

Во 1903 година, манастирот бил запален, па наскоро обновен. До 1912 година бил доста познат манастир, така што на манастирската слава (Илинден) доаѓале гости од леринските села Опсирино, Света Петка и Раково, а некои дури и од Солун.[2]

Сè до крајот на отоманското владеење манастирот бил во Мегленската митрополија под врховенството на Цариградската патријаршија.[4]

Манастирот имал малку земја и стока, која после Втората светска војна била дадена на селската задруга.[2]

Манастирот бил обновен во XX век.[5]

Драгошкиот манастир во 1916 г.
Remove ads

Градби во манастирот

Манастирот е составен од црквата „Св. Илија“, камбанарија, конак и помошни објекти.

Црква „Св. Илија“

Црквата била подигната во текот на XIX век.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads