Дража Михаиловиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дража Михаиловиќ
Remove ads

Драгољуб Михаиловиќ - Дража (27 април 1893 - 17 јули 1946 ), познат како „Чичко Дража“ (Чича Дража) — српски и југословеснки генерал, воен злосторник, соработник на фашистичките окупатори и водач на српските Четници. За време на Балканските војни и Првата светска војна бил офицер на српската војска во Кралството Србија.[4]

Кратки факти Дража Михаиловиќ Дража Михаиловић, Родено име ...

По германската окупација на Кралството Југославија, Михаиловиќ се повлекол во планините каде што организирал групи на герилци познати како „четници[5][6] по примерот на Четничката организација, официјално именувана како „Југословенската армија во татковината“, била основана како ројалистичко - националистичко српско движењето на отпорот, но до крајот на 1941 година нејзиното влијание било потиснато од партизаните.[7] Од почетокот на 1942 година, четниците започнале соработка со италијанските сили, а по падот на Италија, со германските окупациски сили.[8]
По војната, генералот Михаиловиќ бил осуден за велепредавство и воени злосторства од страна на комунистичката власт, по што тој бил погубен со стрелање и погребан на тајна локација. Природата, обемот и одговорноста за соработка и етничките масакри остануваат контроверзни.
Михаиловиќ е еден од најодликуваните офицери во историјата на модерната српска држава, а последната награда му била доделена посмртно од страна на американскиот претседател Хари Труман во март 1948 година. Тој му го доделил орденот Легија за заслуга од прв степен, поради организирање и раководење на отпорот против силите на Тројниот пакт во окупирана Југославија, за спасување на соборени американски пилоти и за помош за победата на Сојузниците во Втората светска војна.[9]
На 14 мај 2015 година, вишиот суд во Белград донел одлука за судска рехабилитација на генералот Михаиловиќ, со што ја поништил пресудата донесена на 15 јули 1946 година и нему му биле вратени сите граѓански права. Судот утврдил дека Михаиловиќ бил осуден во незаконски процес, поради идеолошки и политички причини и дека сите одлуки се на Врховниот суд на ФНРЈ се сметаат за ништовни, така што Михаиловиќ се смета за неосудувано лице. Инаку, првото барање за рехабилитација на Михаиловиќ го поднесол неговиот внук Воислав во 2006 година, а подоцна, во 2009 година, на барањето се придружиле уште неколку српски граѓански здруженија, политички партии и професорот Смиља Аврамов. Оваа одлука предизвикала бурни реакции: од една страна, неа ја поздравиле Воислав Шешељ и принцот Александар Караѓорѓевиќ, а од друга страна, таа биал остро осудена од голем број хрватски политичари.[10]

Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads