Драмче
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драмче — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Remove ads
Географија и местоположба
Драмче се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар делумно е ограничен со државната граница со Бугарија. Селото е ридско и од разбиен тип, а се простира на надморска височина од 700-840 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 35,2 км2. Од Делчево е оддалечено 15 км.[2]
Историја
Според едно предание, селото Драмче било основано од некој дојденец од Драма кој имал четири сина и ги разместил на тој простор. Иако не може да се утврди веродостојноста на ова предание, сепак интересен е податокот дека како дел од женската носија од Драмче е сината саја, која е карактерисична за женската носија од Драмско.[3]
Во почетокот на XX век, Драмче било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[4]
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Remove ads
Стопанство
Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.562,2 ха, додека на пасишта отпаѓаат 901,4 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 815,2 ха.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драмче живееле 430 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци.[7]
Remove ads
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[8]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 288 жители, од кои 287 Македонци и 1 Влав.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 115 жители, од кои 103 Македонци и 12 лица без податоци.[10]
Remove ads
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Општествени установи
Во селото има основно училиште, фабрички погон за конфекција, земјоделска задруга, продавници и угостителски објекти.[2]
Самоуправа и политика
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Малешевската околија.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0601 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.[15]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 201 гласач.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[17]
Remove ads
Културно наследство

Од селото потекнува орото Копачка, кое во 2014 година било впишано во претставителниот список на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство.[18] Кон крајот на 2014 година, родната куќа на долгогодишниот ороводец на орото Копачка Димитрија Станоевски (1917-2009), попознат како „Дедо Митко“, била претворена во спомен-куќа, во чија поставка се изложени стари фотографии, објавени текстови во домашни и во странски весници, предмети и инструменти кои ороводецот ги употребувал, како и народните носии во кои го предводел орото. Уредувањето на спомен-куќата било финансирано со средства обезбедени од Министерството за култура, здружението Копачка и Општина Делчево.[19][20]
Remove ads
Културни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта
- Берова Чешма — населба од доцноантичко време
- Врница — некропола (тумули) од железно време
- В’чковско Маало — некропола од доцноантичко време
- Градиште — населба од железно време
- Градиште I — градиште од доцноантичко време
- Градиште II - Присој — градиште од римско време
- Јазова Чука — тумули од железно време
- Цркви
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква, културно наследство на Македонија
- Црква „Св. Петка“ — црква во изградба
- Културни установи
- Спомен-куќа на Дедо Митко — спомен-куќа посветена на ороводецот на орото Копачка Дмитрија Станоевски (1917-2009)
Remove ads
Личности
- Починале во Драмче
- Цено Куртев (1877-1905) — бугарски подофицер и член на МРО
Галерија
- Сретселото
- Објект во селото
- Куќи во селото
- Маало на селото
- Панорама на селото
- Црквата „Св. Петка“ во изградба
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads