Држани
село во Општина Радовиш From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Држани (понекогаш Држанци) — село во Општина Радовиш. Денес селото е целосно раселено.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа североисточно од Радовиш. Сместено е на јужната падина на планината Плачковица, на надморска височина од 700 м.[3]
Историја
Во XIX век Држани било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дражејца (Дражанци) имала 100 жители, сите Турци.[4]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Држанци живееле 194 Турци.[5]
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци.[6]
Населението на селото драстично опаднало во 1950-тите години поради иселувањето на Турците. Така, од 284 жители во 1953 г. се свело на само 21 жител на пописот од 1961 г.[7] Во текот на следната деценија бројот на жители се располовил, за селото да биде наполно испразнето во текот на 1970-тите. Според пописот од 2002 година, Држани немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads