Друштво на словенечките писатели

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Друштво на словенечките писатели (словенечки: Društvo slovenskih pisateljev) ― непрофитно друштво на словенечки писатели со седиште во Љубљана.

Историја

Друштвото било основано на 21 април 1872 година во Љубљана[1] на иницијатива на Даворин Трстењак кој станал и негов прв претседател. Статуата на организацијата била потврдена од Војводството Крањска на 10 мај 1872 година.[1] Основачкиот конгрес бил одржан на 14 септември 1872 година, додека редовните состаноци биле одржувани во хотелот „Европа“ до 1885 година.[1] Со текот на годините функционирало под различни имиња и повторно го усвоила своето првобитно име Друштво на словенечките писатели во 1968 година. Таа обезбедила платформа за писатели, поети, драмски писатели и есеисти кои учествуваат во промовирање на заедничките културни и општествени интереси.[2]

Друштвото исто така направило значителни напори за промовирање на словенечката книжевност во странство. Меѓународните активности вклучувале одржување допири со културни установи и писателски друштва ширум светот и соработка со книжевни весници и списанија.[3] Сопствената публикација Litterae slovenicae (наречена Le Livre Slovène пред 1991 година) објавувала преведувани извадоци, песни и раскази од словенечки писатели, правејќи ја словенечката книжевност достапна за светската публика.

Годишно ја доделува Наградата „Виленица“ на средноевропски автор за неговите/нејзините достигнувања во областа на книжевноста и пишување есеи на фестивалот кој е одржуван во пештерата Виленица во Приморска.[4] Од 1986 година, исто така, секоја година е доделувана Јенковата награда за најдобра збирка поезија на словенечки, објавена во претходните две години.

Remove ads

Претседатели

  • Даворин Трстењак 1872 година
  • Рајко Перушек 1895–1915 година[5]
  • Антон Фунтек
  • Алојз Градник
  • Отон Жупанчич
  • Франце Коблар 1938–1945 година[6]
  • Мишко Крањец (2 мандати)
  • Франце Бевк (2 мандати)
  • Иван Потрч (2 мандати)
  • Миле Клопчич
  • Бено Жупанчич
  • Матеј Бор 1959–1961 година
  • Антон Инголич
  • Мира Михелич
  • Јанез Менарт
  • Цирил Космач
  • Тоне Павчек 1979–1983 година
  • Тоне Партљич 1983–1987 година
  • Руди Шелиго 1987–1991 година
  • Дане Зајц 1991–1995 година
  • Евалд Флисар 1995–2001 година (3 мандати)
  • Тоне Першак 2001–2003 година
  • Владо Жабот 2003–2007 година (2 мандати)
  • Славко Прегл 2007–2009 година
  • Милан Џесих 2009–2011 година
  • Вено Тауфер 2011–2014 година
  • Иво Светина 2014– [7]
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads