Др. Дре

From Wikipedia, the free encyclopedia

Др. Дре
Remove ads

Андре Ромел Јанг, познат како Д-р Дре (англиски: Dr. Dre) (1965), е американски музички продуцент, рапер и повремено глумец.[2] Д-р Дре е заслужен за комерцијалниот пробив и успешните кариери на многу рапери, меѓу кои на Снуп Дог, Еминем, Фифти Сент и Гејм. Оттука, тој се смета за клучен поединец кој придонел во популаризацијата на џи фанкот, рап жанр кој се одликува со бавни фанк ритми и текстови кои говорат за гангстерскиот живот.

Кратки факти Д-р Дре, Животописни податоци ...
Remove ads

Музичка кариера

Д-р Дре е роден во 1965 година. Својата музичка кариера ја почнал како член на World Class Wreckin' Cru, група која изведувала старошколски хип-хоп (Old School Hip Hop). Потоа го основал во култниот состав N.W.A, чии текстови биле препознатливи по експлицитниот приказ на уличното насилство и пресметките помеѓу градските банди. Поради непремостливите недоразбирања со Изи-И (исто така член на N.W.A), Дре продолжил како соло изведувач потпишувајќи за „Дет Роу Рекордс“. Таму, неговата кариера нагло отишла по нагорна линија, а стекнал и голема популарност поради неговите соработки со Тупак Шакур и Снуп Дог.

Неговиот прв студиски соло албум „Хрионика“ (The Chronic) се смета за обележје на рапот од западниот дел на Америка, а заедно со деби албумот на Снуп Дог „Догистајл“ (Doggystyle), тој ги отворил вратите за поширока прифатеност на хип-хопот како суб-култура на целата територија на САД. По издавањето на вториот албум 2001 своето внимание го насочил кон пронаоѓање нови лица на хип-хоп сцената.

Во таа смисла, Д-р Дре најпрво потпишал договор со Еминем и му помогнал да оствари блескава кариера. Истовремено, Д-р Дре ги компонирал битовите за најголем дел од песните на албумите Marshall Mathers LP и The Eminem Show, кои потоа станале најпродавани плочи од овој жанр на сите времиња во САД и во Канада. Во 2002 година, Д-р Дре потпишал договор со Фифти Сент, а потоа и со Гејм, рапери со кои забележал задоволителен успех.

Detox би требало да биде третиот и последен негов студиски албум, чиј датум на објавување првично беше најавен за 2011, но поради презафатеност на Дре со други музички проекти, сѐ уште не е издаден.

Remove ads

Бизнис активности

Д-р Дре е основач и извршен директор на продуцентската куќа „Афтермат“ (Aftermath), а претходно работел во „Дет Роу Рекордс“ (Death Row Records). Своевремено, според Форбс, тој бил третиот најбогат хип-хоп музичар во САД, со имот од 250 милиони долари.[3] Д-р Дре ја поседувал марката на слушалки и звучници „Битс бај доктор Дре“, која ја основал заедно со претседателот на дискографските куќи „Интерскоп-Гефен-А&M“ (Interscope-Geffen-A&M), Џими Ајвон. Подоцна, оваа фирма била откупена од „Епл“ за три милијарди долари, со што богатството на Д-р Дре наеднаш пораснало за 350 милиони долари, така што во 2013 година неговото богатство се зголемило на вкупно 620 милиони долари. На тој начин, тој станал најбогатиот хип-хоп музичар во светот, претекнувајќи ги Џеј Зи и Пи Диди.[4]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads