Дунаујварош
град во Унгарија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дунаујварош (унгарски: Dunaújváros, порано Dunapentele) — град во Унгарија, сместен во средишниот дел на државата. Дунаујварош е втор по важност град во рамките на жупанијата Фејер.
Спрема податоците од 2008 година градот има 62.286 жители.
Remove ads
Потекло на поимот
Името Дунаујварош во превод од унгарски јазик значи „нов град на Дунав“.
Географија
Дунаујварош се наоѓа во средишниот дел на Унгарија, во средишниот дел на Панонската Низина, на десниот брег на Дунав. Оддалечен е 75 км јужно од престолнината Будимпешта. Со главниот град Дунаујварош е поврзан со современ автопат.
Клима
Климата во градот е умерено-континентална.
Историја

Дунаујварош е еден од поновите градови во Унгарија. Изграден е во текот на педесеттите години, за време на социјализмот и индустријализацијата на земјата како потполно нов град покрај постојното гратче Дунапентеле.
Дунапентеле
Ова подрачје било населено уште од древни времиња. Во времето кога западниот дел на Унгарија бил под власт на Римјаните под името Панонија, градот се вика Интерциса и бил на границата на провинцијата. Унгарците го покориле ова подрачје во почетокот на 10 век. Градот бил наречен Пентеле по грчкиот светец Пантелејмон.
Меѓу 1541 и 1688 година градот бил под власт на Османлиското Царство, кога е потполно уништен во текот на Петнаесетгодишната војна. За време на борбата за ослободување која ја предводел Ференц II Ракоци местото повторно било опустошено. Во 18 век почнува обнова и просперитет на населбата. Во 1833 година ова место добило статус на град.
Население
Во следнава табела се дадени историски податоци за бројноста на населението:
Во 2001 година Дунаујварош имал 55.309 жители (92,5% Унгарци, 0,6% Роми, 0,6% Германци, 6,3% други).[1] Вероисповед: 38,9% католици, 8,3% калвинисти, 2% лутеранци, 37,8% атеисти, 0,2% други, 12,8% без одговор.[2][3]
Remove ads
Збратимени градови
Збратимени градови со Дунаујварош се:
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads