Терни
град во Италија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Терни е град во централна Италија. Терни е најголемиот град и центар на истоимената област Терни во рамките на италијанската провинција Умбрија, каде што е втор по големина центар
Remove ads
Географија
Градот Терни се наоѓа во централниот дел на Италија, на југот на Тоскана. Градот се наоѓа на 80 километри јужно од Перуџа, седиштето на регионот. Градот е 115 километри северно од главниот град Рим.
Релјеф
Терни се развил во рамнината на реката Нера, која е опкружена со ридови и планини на централниот дел Апенините. Градот се протега на надморска височина од околу 130 метри.
Клима
Климата во Терни е изменета средоземноморска поради локација на градот.
Вода
Реката Нера тече низ Терни, на само неколку километри од нејзиното вливување во реката Тибар западно од градот.
Remove ads
Историја
Населба на местото Терни постоела во праисторијата, а првите познати жители биле Сабините. Римјаните ја окупирале оваа област во III век.п.н.е. и основале град наречен „Интерама“ (лат. Interamna), преведено како „помеѓу две реки“. Од ова име потекнува и сегашното име на градот.
На почетокот на средниот век, Терни бил дел од лонгобардската држава долго време, почнувајќи од 755 г. години. После тоа, градот станал полунезависна држава во рамките на Умбрија, а на крајот на средниот век бил припоен кон Папската држава. Терни останал во оваа состојба во следните неколку векови, но во градот се случила раната индустријализација поврзана со производството на челик.
Во1870 година Терни бил приклучен на новоформираното Кралство Италија. Градот брзо се развивал благодарение на развојот на индустријата (особено производството на челик). Сепак, оваа погодност се покажала како ужасен проблем за време на Втората светска војна, кога градот бил бомбардиран повеќе од 100 пати за да ја уништи клучната градска индустрија за војната. По војната, градот бил повторно изграден.
Remove ads
Популација
Според резултатите од пописот на населението во 2011 година, во општината живееле 113.423 жители.[1] Во градот денес живеат главно Италијанци. Тој е 3 пати поголем од пред еден век. Во текот на изминатите децении, многу имигранти од странство, главно Кинези, се преселиле во градот.
Економија
Терни е познат по производството на челик и челичарниците.
Градови партнери
Картахена
Сент Уан
Прага
Дунаујварош
Галерија
- Градска катедрала
- Експонати во градскиот археолошки музеј
- Палатата Спада
- Црквата св. Фрање
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads