Дурутлија
село во Општина Радовиш From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дурутлија (или Дурутли) — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.[2]
Оваа статија се однесува на село во Радовишко. За слично нареченото село во Дојранско, погл. Дурутли.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено на јужната падина на Плачковица. Атарот е мошне скромен, со површина од 2,8 км2.[3]
Историја
Во XIX век Дурутлија било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Дурутли имало 50 жители, сите Турци.[4]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Дуруќој живееле 68 Турци.[5]
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[6]
Во текот на 1950-тите селото е наполно напуштено, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија. Според пописот од 2002 година, Дурутлија немала ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads