Душко Еремоски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Душко Василов Еремоски ( 1922 во Кичево — 1944 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Се занимавал со земјоделие. Како симпатизер на Народноослободителното движење во септември 1943 година заминал партизан во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред, а од ноември 1943 година станал борец во Првата македонско - косовска бригада. Со Бригадата учествувал во познатиот Февруарски поход каде се истакнал како храбар борец. По враќањето на Бригадата од Егејскиот дел на Македонија во летото 1944 година, бил фатен од балистите во една куќа во Кичево и бил убиен во септември 1944 година.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads