ЕОНИА
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
ЕОНИА (англиски: Euro OverNight Index Average) е делотворна каматна стапка наменета за кредитите преку ноќ пресметувана како пондериран просек на сите необезбедени кредитни трансакции преку ноќ на меѓубанкарскиот пазар во евра. Била воспоставена во рамките на еврозоната од страна на повеќе банки. Таа е една од двете одредници за пазарите на пари и капитал во рамките на еврозоната (другата е ЕУРИБОР). Банките кои придонесуваат кон ЕОНИА се истите оние кои се вклучени во ЕУРИБОР.

Каматните стапки на ЕОНИА се пресметувани од Европската централна банка врз основа на сите создадени меѓубанкарски средства преку ноќ пред затворањето на системите RTGS во 18 часот по средноевропско време и објавени преку Ројтерс секој ден пред 19 часот.[1]
Remove ads
Поврзано
- Европска банкарска федерација
- Меѓубанкарски пазар
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads