Еврозона
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Еврозона[8], службено наречена Еврообласт — европски монетарен сојуз составен од дваесет Земји членки на Европската Унија кои го вовеле еврото како нивна основна валута и единствено законско средство на плаќање. Дваесетте членки на еврозоната се:
- Австрија, Белгија, Германија, Грција, Естонија, Ирска, Италија, Кипар, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Португалија, Словачка, Словенија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска и Шпанија.
Седумте членки на ЕУ кои не се во еврозоната се Бугарија, Данска, Полска, Романија, Унгарија, Чешка и Шведска. Тие продолжуваат да ги користат своите национални валути, иако сите освен Данска се обврзани да се приклучат откако ќе ги исполнат критериумите за конвергенција на еврото.[9]
Меѓу земјите кои не се членки на ЕУ, Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан имаат формални договори со ЕУ да го користат еврото како своја службена валута и да издаваат свои монети.[10][11][12] Дополнително, Косово и Црна Гора го усвоиле еврото еднострано, потпирајќи се на евра кои биле веќе во оптек, наместо на ковање на сопствени валути. Овие шест земји немаат застапеност во ниту една установа од еврозоната.[13][14]
Евросистемот е монетарната власт на еврозоната, Еврогрупата е неформално тело на министри за финансии што ја прави фискалната политика за валутниот сојуз, а Европскиот систем на централни банки е одговорен за фискалната и монетарната соработка помеѓу еврозоната и членките на ЕУ кои не се во еврозоната.[15] Европската централна банка (ЕЦБ) прави монетарна политика за еврозоната, ја одредува нејзината основна каматна стапка и издава евро банкноти и монети.
Од финансиската криза од 2007-2008 година, еврозоната воспоставила и користи одредби за доделување итни заеми на земјите-членки во замена за донесување економски реформи. Еврозоната, исто така, донела одредена ограничена фискална интеграција; на пример, при преглед на меѓусебните национални буџети. Прашањето е политичко и во состојба на флукс во однос на тоа кои понатамошни одредби ќе се договорат за промена на еврозоната. Ниту една земја-членка на еврозоната не ја напуштила и нема одредби за тоа или за протерување.[16]
Remove ads
Во 1998 единаесет земји-членки на Европската Унија ги исполниле со критериумот за конвергенција и Еврозоната започнала со службеното пуштање во употреба на еврото (покрај националните валути) на 1 јануари 1999. Грција се приклучила во 2000, а ја прифатила валутата на 1 јануари 2001 година. Помеѓу 2007 и 2023 година пристапиле уште осум нови држави: Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Малта, Словачка, Словенија и Хрватска.
Remove ads

Седум земји (Бугарија, Чешка, Данска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска) се членки на ЕУ, но не го користат еврото.
Пред да се приклучи на еврозоната, секоја земја мора да учествува 2 години во Европскиот механизам за девизен курс (ERM II). Бидејќи од 2023 Националните централни банки (НЦБ) на Бугарија и Данска учествувале во ERM II, очекувано е преостанатите валути наскоро да го следат овој пример.
Во првичниот Мастришки договор, Данска и Обединетото Kралство добиле специјален статус кој им дозволил да не учествуваат во еврозоната. Двете земји се законски ослободени од приклучување кон еврозоната, освен доколку нивните влади не одлучат поинаку, преку парламентарно гласање или пак преку референдум. Обединетото Кралство исто така се повлекло од Европската Унија а со тоа и договорот престанал да важи за приклучување кон еврозоната во 2020 година.
Останатите шест земји се обврзани да го прифатат еврото во иднина, иако ЕУ досега не се обидела да спроведе ниту еден временски план. Тие треба да се приклучат веднаш штом ќе ги исполнат критериумите за конвергенција, кои вклучуваат да бидат дел од ERM II на две години. Од Шведска, која влегла во ЕУ во 1995 година по потпишувањето на Договорот од Мастрихт, барано е да се приклучи на еврозоната. Меѓутоа, шведскиот народ го одбил усвојувањето на еврото на референдум во 2003 година и оттогаш земјата намерно избегнува да ги исполни условите за усвојување со тоа што не се приклучува на ERM II, што е доброволно.[29][30] Бугарија се приклучила на ERM II на 10 јули 2020 година.[31]
Интересот за приклучување кон еврозоната бил зголемен во Данска, а првично и во Полска, како резултат на финансиската криза од 2007-2008 година. Во Исланд постоел зголемен интерес за пристапување во Европската Унија, со предуслов за прифаќање на еврото.[32] Сепак, до 2010 година должничката криза во еврозоната предизвикала да се залади интересот од Полска, како и од Чешка, Данска и Шведска.[33]
Еврото исто така е користено и во земји кои не се членки на ЕУ. Монако, Сан Марино и Ватикан потпишале формални договори со ЕУ да го користат еврото и нивни монети.[34][35] Меѓутоа, тие не ги сметаат за дел од Еврозоната од страна на ЕЦБ и немаат свое место во ЕЦБ или Еврогрупата. Андора постигнаla монетарен договор со ЕУ во јуни 2011 кој ќе ѝ дозволи да го користи еврото како своја официјална валута откако договорот ќе биде ратификуван.
Некои држави (Косово и Црна Гора) службено го вовеле еврото како нивна единствена валута без договор и затоа немаат право на издавање. Овие земји, ЕЦБ не ги смета за дел од еврозоната. Меѓутоа, понекогаш поимот „еврозона“ е применуван на сите територии кои го прифатиле еврото како единствена валута.[36][37][38] ЕЦБ и ЕУ се спротивставуваат на натамошното еднострано усвојување на еврото (евроизација), како од ЕУ, така и од земјите кои не се членки на ЕУ.[39]
Remove ads
Администрација и застапување

Додека Еврозоната е отворена кон сите земји-членки на ЕУ да се приклучат откако ќе ги исполнат критериумите, во договорите на ЕУ не постои одредба дали може некоја од земјите да ја напушти еврозоната без да ја напушти ЕУ како целина. Исто така нема одредба за тоа дали некоја земја може да биде исфрлена од еврозоната. Сепак некои, вклучувајќи ја холандската влада, се залагаат да се направи таква одредба во случај ако во еврозоната има некоја земја која е премногу задолжена, а одбива да ја почитува политиката на ЕУ за економски реформи. Сепак, придобивките од напуштањето на еврозоната во голема мера ќе зависат од конкретната ситуација. Доколку валутата со која ќе се смени еврото се очекува да девалвира, во земјата ќе дојде до големо одливање на пари, додека ако се очекува вредноста на валутата да се зголеми, тогаш ќе има поголем прилив на пари во економијата. Сепак, доколку вредноста на валутата брзо се зголемува тогаш тоа може да биде штетно за извозот на земјата. Кристин Лагард е назначен да го одобри дизајнот и печатењето на евро банкнотите и количината на изработени евро монети.
Еврозоната политички ја застапуваат министрите за финансии, заедно познати како Еврогрупа, под водство на сегашниот претседател Пасхал Донохоје. Министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ кои го користат еврото, се среќаваат ден пред состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (Екофин) кој е дел од Советот на Европската Унија. Групата не е службен совет, но кога Екофин во полн состав гласа за прашања кои се однесуваат само на еврозоната, само на членовите на Еврогрупата им е дозволено да гласаат.[40][41][42]
Уште од 2008 кога првпат започнала финансиската криза, Еврогрупата се сретнала нерегуларно, не во состав на министри за финансии туку во состав на шефови на држави и влади (како Европскиот совет). Во овој форум, на Евросамитот, договориле многу од реформате за еврозоната. Тогашниот француски претседател Никола Саркози, од 2011 настојувал овие самити да станат редовни и тоа двапати годишно, со цел тие да станат „права економска влада“.[43]
На 15 април 2008 во Брисел, Јункер предложил дека подобро е Еврозоната во Меѓународниот монетарен фонд да биде застапена како целина отколку секоја земја посебно. „Апсурдно е тие 18 земји да не се согласат да имаат еден претставник во ММФ. Тоа прави да изгледаме смешно. На меѓународно ниво на нас гледаат како на кловнови“.[44] Во 2017 година Јункер изјавил дека има за цел ова да биде договорено до крајот на неговиот мандат во 2019 година.[45] Сепак, финансискиот комесар Хоакин Алмунија изјавил дека пред да почнат со заедничко претставување треба да биде договореј заеднички политички дневен ред.
Водечките личности на ЕУ, вклучувајќи ја комисијата и националните влади, предложииле различни реформи во архитектурата на еврозоната; особено создавање на министер за финансии, поголем буџет на еврозоната и реформа на сегашните механизми за спас во „Европски монетарен фонд“ или во Министерство за финансии на еврозоната. Додека многумина имаат слични теми, подробностите многу варираат.[46][47][48][49]
Економија

Споредбена табела
Инфлација
Податоците за Усогласен индекс на потрошувачки цени од ЕЦБ, вкупен индекс::[52]
|
|
|
|
|
Каматни стапки
Каматните стапки во Еврозоната уште од 1999 ги поставува ЕЦБ. Тие се изразени во проценти на годишно ниво[53]. Од јуни 2000 до октомври 2008, главните операции за повторно финансирање беа варирачка стапка на тендери, спротивно од фиксните стапки на тендерите. Цифрите прикажани во табелата од 2000 до 2008 се однесуваат на минималните каматни стапки каде договорните страни може да ги сместат нивните понуди.[4]
Јавен долг
Следната табела го прикажува односот на јавниот долг кон БДП во проценти за ЕУ и други одбрани европски земји. Земјите-членки на Еврозоната се обележани како Еврозона, а земјите кои не се членки на еврозоната се обележани како ЕУ[54]. Доближувањето на критериумот на еврозоната е 60%.
Фискална политика

Примарните средства за фискална координација во ЕУ се наоѓаат во широките упатства за економска политика напишани за секоја земја-членка, но особено се однесуваат на 20 земји кои се моментално членки на еврозоната. Упатствата не се задолжителни, но имаат за цел да ја претставуваат координацијата на политиките на земјите-членки на ЕУ како и да бидат земени во предвид поврзаните структури на нивните економии.
За заедничка сигурност и стабилност на валутата, членките на еврозоната мораат да го почитуваат Пактот за стабилност и раст,кој поставува договорени дефицитарни лимити и лимити на националниот долг, но кој исто така предвидува и санкции во случај на прекршување на договорот. Пактот во основа поставува лимит од 3% БДП за годишниот дефицит на сите земји-членки на еврозоната, со казни за секоја земја која ја преминува ова сума. Во 2005 Португалија, Германија и Франција ја преминаа оваа сума, но Советот на министри не гласаше да се казнат овие земји. Подоцна, беа воведени реформи за поголема флексибилност и за да бидат сигурни дека критериумот за дефицит ги зема предвид економските услови на земјата-членка и дополнителните фактори.
Фискалниот договор[57][58] (формално, Договор за стабилност, координација и управување во Економската и монетарна унија),[59] е меѓувладин договор воведен како нова построга верзија на Пактот за стабилност и раст, потпишан на 2 март 2012 година од сите земји-членки на Европската Унија (ЕУ), освен Чешка, Обединетото Кралство,[60] и Хрватска (подоцна пристапувајќи кон ЕУ во јули 2013 година). Договорот стапил во сила на 1 јануари 2013 година за 16-те држави кои ја завршиле ратификацијата пред овој датум.[61] Од 1 април 2014 година, тој бил ратификуван и стапил во сила за сите 25 потписници.
Оливие Бланшар сугерира дека фискалната унија во еврозоната може да ги ублажи разорните ефекти на единствената валута врз периферните земји од еврозоната. Но, тој додава дека валутниот блок нема да работи совршено дури и ако се изгради фискален трансфер систем, бидејќи, тврди тој, не се решава фундаменталното прашање за прилагодување на конкурентноста. Проблемот е во тоа што, бидејќи периферните земји од еврозоната немаат свои валути, тие се принудени да ги приспособат своите економии со намалување на нивните плати наместо девалвација..[62]
Провизии за финансиска помош
Кон крајот на 2000 финансиската криза поттикнала бројни реформи во еврозоната. Една од нив бил пресвртот во политиката за финансиска помош во еврозоната кој довел до создавање на специјален фонд за помош на земјите-членки на еврозоната кои имаат проблеми. Покрај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во 2010 биле создадени Објектот за европска финансиска стабилност (ОЕФС) и Европскиот механизам за финансиска стабилност (ЕМФС) за да создадат систем и фонд за финансиска помош на земјите-членки. Сепак ОЕФС и ЕМФС беа привремени, мали и без основа во договорите на ЕУ. Затоа, во 2011 се договориле да го основаат Европскиот механизам за стабилност (ЕМС) кој ќе биде многу поголем, ќе го финансираат само членките на еврозоната (не ЕУ како целина како што беше со ОЕФС и ЕМФС) и ќе биде постојана основа на договорите. Како резултат на тоа, неговото создавање вклучувало договарање на амандман во ДФЕУ (Договор за функционирањето на ЕУ) член 136 кој ќе му овозможи на ЕМС и на новиот договор за ЕМС детален приказ како ќе работи ЕМС.
Координација на буџетските политики
Голем надзор од ЕУ во областите на политика на оданочување и буџетска политика и наметнатиот механизам кој оди со тоа, понекогаш се опишани како потенцијално непочитување на суверенитетот на земјите-членки на еврозоната. Сепак, во јуни 2010 конечно бил постигнат целосен договор за контоверзниот предлог, земјите-членки меѓусебно да ги рецензираат буџетите пред нивната презентација во националните парламенти. Иако Германија, Шведска и Обединетото Kралство беа против меѓусебно прикажувањето на целосниот буџет, секоја влада на нивните рецензори и на Комисијата ќе ги презентира нивните проценки за нивото на раст, инфлација, приходи и трошоци шест месеци пред тие да бидат прикажани во националните парламенти. Ако некоја земја оди кон дефицит, таа ќе мора тоа да го оправда на останатите членки на ЕУ, додека пак земјите со долг поголем од 60% од БДП ќе се соочат со уште поголема контрола.
Овие планови ќе се спроведат во сите земји-членки на ЕУ,не само на еврозоната, и мора да бидат одобрени од водачите на ЕУ заедно со предлозите за земјите да се соочат со санкции пред да го достигнат лимитот од 3% според Пактот за стабилност и раст. Полска ја критикуваше идејата за задржување на регионалните финансирања за оние земји кои ќе го надминат дефицитарниот лимит,бидејќи тоа ќе влијае само на посиромашните земји. Во јуни 2010 Франција се согласи да го поддржи планот на Германија за укинување на правото на гласање на земјите кои ги прекршуваат правилата. Во март 2011 беше започната нова реформа од Пактот за стабилност и раст со цел да ги зацврсти правилата со усвојување на автоматска процедура за наметнување на санкции во случај на прекршување на правилата за дефицит или долг.
Remove ads
Забелешки
- Европската Унија внатрешно го користи кодот EL за Грција, што е отстапување од стандардот ISO 3166-1.
- Самопрогласената Турска Република Северен Кипар не е признаена од ЕУ и ја користи турската лира. Сепак, еврото е во широк оптек.
- Аруба е дел од Кралството Холандија, но не и од ЕУ. Го користи арупскиот флорин, кој е врзан за доларот по стапка од 1 долар на 1.79 флорини.
- Моментално го користи холандскоантилскиот гулден и планира да го воведе карипскиот гулден во 2025 година, откако промената била одложувана неколку пати. „CBCS wants to have the Caribbean guilder introduced by 2025“. Curaçao Chronicle. 16 March 2022. Посетено на 2 August 2022. „Frequent Asked Questions“. Centrale Bank Curaçao & Sint Maarten. Посетено на 2 August 2022. И двете се врзани за доларот по стапка од 1 долар на 1.79 гулдени.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads