Езенс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Езенсmap
Remove ads

Езенс (германски: Esens) — мал град во округот Витмунд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Езенс во рамките на округот Витмунд ...

Историски градот како најважно средишно место припаѓал на областа Харлингерланд, која припаднала на Грофовијата Источна Фризија од 1600 година. Од 1885 година, Езенс е дел на округот Витмунд, кој бил создаден од Амт Витмунд и Амт Езенс, како и самиот град Езенс.

Местото Бензерзил е покраинско здравствено одморалиште и поседува пристаниште. Со ферибот од Бензерзил може да се стигне до островот Лангеог.

Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Remove ads

Географија

Местоположба

Градот Езенс се наоѓа на северниот раб од олденбуршко-источнофризискиот гест, оддалечен околу четири километри од долносаксонското Ваденско Море. Околината се состои од мали села, како и имоти.[2] Окружниот град Витмунд е оддалечен околу 16 километри, додека градот Аурих околу 26 километри.

Водотеци

Единствен значаен водотек во градското подрачје е Бензер Тиф, што е истек, а не вистински водотек.

Соседни општини

Градот Езенс на североисток се граничи со општината Нојхарлингерзил, на југоисток со општината Штедесдорф, на југозапад со општината Морвег и на запад со општината Холтгаст.

Remove ads

Политика

Градски совет

Градскиот совет се состои од 20 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 7.001 и 8.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[4]

Повеќе информации Партија, Удел на гласови ...

Градоначалник

Од 1 јуни 2015 година, градоначалничка на Езенс е Карин Емкен (SPD).[5]

Remove ads

Познати луѓе

  • Давид Фабрициј (1564-1617) — теолог
  • Јохан Хилземан (1602-1661) — теолог
  • Филип Хајнрих Ерлебах (1657-1714) — композитор
  • Кристијан Еверхард (1665-1708) — принц на Источна Фризија
  • Ено Рудолф Бренајзен, (1669-1734) — правник
  • Филип Лудвиг Штатиј Милер (1725-1776) — теолог, зоолог и професор
  • Теодор Томас (1835-1905) — композитор
  • Герхард Тапен (1866-1953) — генерал
  • Тимо Шулц (р. 1977) — фудбалер

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads