Нојхарлингерзил
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Нојхарлингерзил (германски: Neuharlingersiel; долногермански: Neeharlingersiel) — општина во округот Витмунд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Местото Нојхарлингерзил претставува морска бања од 1979 година, а од 1996 година е прогласено за покраинско здравствено одморалиште. Местата Алтхарлингерзил и Остбензе претставуваат крајбрежни бањски места од 1985 година.[2] Пристаништето во Нојхарлингерзил е пристаниште за источнофризискиот остров Шпикерог.
Remove ads
Географија
Местоположба
Општината се наоѓа во областа Харлингерланд во Источна Фризија на брегот на Северното Море. Долж крајбрежјето се протега националниот парк Долносаксонско Ваденско Море, кој од 2009 година претставува светско културно наследство.
Соседни општини
Општината Нојхарлингерзил на исток се граничи со Каролинензил, дел од градот Витмунд, на југоисток со општината Вердум, на југ со општината Штедесдорф и на југозапад со градот Езенс. На север се наоѓаат источнофризиските острови Лангеог и Шпикерог.
Општински единици
Општината Нојхарлингерзил се состои од местата:[3]
- Алтхарлингерзил
- Нојхарлингерзил
- Остбензе
- Зерим
Remove ads
Галерија
- Шеталиштето
- Воздушен поглед на Нојхарлингерзил
- Зилхоф
- Ветерница Зерим
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads