Економски факултет - Скопје

From Wikipedia, the free encyclopedia

Економски факултет - Скопјеmap
Remove ads

Економски факултет - Скопје или само Економски факултет — факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, и една од првите високообразовни институции во Македонија. Бил основан на 14 ноември 1950 година, како петти факултет во рамките на Скопскиот универзитет.

Кратки факти Гесло, Вид ...
Remove ads

Историја

Економскиот факултет во Скопје е најстариот факултет од областа на економијата во Македонија. Тој бил основан на 14 ноември 1950 година со Одлука на Владата на Македонија. Економскиот факултет е основан како петти факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, додека во поранешна Југославија бил меѓу првите три економски факултети. Во 1951 година, Факултетот бил преименуван во Правно-економски факултет со два отсека – Правен и Економски, а од 1956 година Економскиот факултет повторно работел како самостојна институција.

Remove ads

Студиски програми

Економскиот факултет - Скопје нуди студиски програми за додипломски, постдипломски и докторски студии, односно прв, втор и трет циклус на студии. Програмите за работа се менувани неколкупати при постоењето на факултетот, а изменувани се и самите насоки.

На првиот циклус на студии се нудат студии на седум различни департмани:

  • маркетинг
  • финансиски менаџмент
  • сметководство и ревизија
  • надворешна трговија
  • менаџмент
  • економија
  • е-бизнис

На вториот циклус на студии се нудат студии на повеќе различни насоки. Воедно на вториот циклус студии постојат едногодишни и двегодишни студии.

Едногодишни студии се следниве насоки:

  • сметководство и ревизија
  • МБА - менаџмент
  • монетарна економија, финансии и банкарство
  • економски развој и меѓународни финансии
  • маркетинг
  • европски студии
  • управување со јавниот сектор
  • статистички методи за бизнис и економија
  • е-бизнис менаџмент
  • менаџмент во осигурувањето
  • стратегиски менаџмент на човечки ресурси

Двегодишни студии се следниве насоки:

  • маркетинг
  • монетарна економија, финансии и банкарство
  • сметководство и ревизија
  • е-бизнис менаџмент
  • статистички методи за бизнис и економија
  • стратегиски менаџмент на човечки ресурси
Remove ads

Одбележување

По повод 50-годишнината од постоењето на факултетот, Народната банка на Македонија издала пригодни ковани пари, односно 2 златни денари. Одлуката за ова ја донела Владата на Македонија на 9 мај 2000 година.[1]

Народната банка издала 2 златни денари во 1.000 примероци со тежина од 7 грами. На аверс страната се наоѓало петоаголно лого на Економскиот факултет 1950-2000, додека на реверс страната се наоѓала гравура на зградата на Основното училиште „Гоце Делчев“, каде во 1950 година биле одржани првите часови. Парите биле изработени од ковницата „Голдмак“ од Радовиш, а нивен автор била Билјана Унковска.[2]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads