Екраноплан

From Wikipedia, the free encyclopedia

Екраноплан
Remove ads

Екранопланпревозно средство кое одржува висина многу близу до површината на земјата. При тоа му помага воздушната дупка со висок притисок создаден од аеродинамичко пресретнување меѓу крилата и површината на земјата. Оваа појава се нарекува екрански ефект. Екранопланот претставува нешто помеѓу авион и лебдилка (ховеркрафт). Интернационалната Организација за Морепловство го смета екранопланот за брод. Екранопланот го користи екранскиот ефект за летање, па неговата висина зависи од должината на неговите крилја. Екранопланот денес се користи и за цивилни и за воени операции.

Thumb
А-90 Орлјонок
Thumb
Екраноплан Тунгус
Remove ads

Историја

Екранопланот потекнува од Советскиот Сојуз. СССР ги дизајнирале овие возила во 60-тите години од минатиот век. СССР дизајнирале повеќе видови екраноплани. Тие се покажале успешни па нивното понатамошно производство било одобрено од Никита Хрушчов, водачот на СССР. Ова донело до развој на најбрзиот и најголемиот екраноплан изграден, т.н. „Касписко морско чудовиште“. Кога сателитите на САД внимавале на Каспиското Море и го виделе екранопланот, биле изненадени од брзината и дизајнот на овие возила, бидејќи тие воопшто не знаеле за нив.

Руската програма за екраноплани продолжила со серијата А-90 Орлјонок, кој тежел 125 тона. А-90 биле користени од страна на Советската Морнарица од 1979 до 1992. Во 1987, нов вид на екраноплан „Лун“ бил изграден. Тој служел како лансирач на ракети.

Овие возила развиени од СССР како многу брзи транспортни возила и ги пробувале на Каспиското Море и Црното Море. Имале способност да полетат со 544 тони товар. Тие биле одобрени од советскиот министер за одбрана Дмитри Устинов. Околу 120 екраноплани од класата А-90 требале да влезат во употреба во Морнарицата на СССР. Откако умрел Устинов во 1985, екранопланот бил изваден од употреба и само три биле направени од класата А-90.

Remove ads

„Касписко морско чудовиште“ и „Лун“

Екранопланот „КМ“ т.н. „Касписко морско чудовиште“ е најголемиот изграден екраноплан. Тој бил подолг од 100 метри, тежел околу 540 тони кога бил натоварен и можел да патува побрзо од 400 километри на час, неколку метри над површината на земјата.

„Лун“ бил сличен на „Касписко морско чудовиште“. Тој бил побрз и можел да подигне повеќе товар. Можел да равие брзина до 550 км/ч и можел да се подигне се 1000 тони тежина. Тој не бил долго време во употреба, влегол во 1987 година, при крајот на СССР.

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads