Авион

From Wikipedia, the free encyclopedia

Авион
Remove ads

Авион — летечка направа со крила и мотор. Првиот авион, наречен „Флаер“, е измислен во САД од страна на браќата Орвил и Вилберт Рајт. Првиот документиран полет е направен на 17 декември 1903 година и траел 12 секунди. Тој ден се напревени вкупно четири летови од кои најдолгиот треал 59 секунди и биле прелетани 279 метри.[1] Веќе во 1905 година е изведен првиот контролиран лет од страна на „Флеар 3“.

Thumb
првиот лет 1903 година

Во Првата светска војна, авионите почнале да се користат како оружје. Најпознат пилот, со најмногу победи, од тоа е време е германецот Манфред Вон Рихтофен, попознат како „Црвениот Барон“. Помеѓу двете светски војни дошло до забрзан развој на авионите. Во 1919 година, Алкок и Браун го прелетале Атлантскиот Океан, а во 1927 година Чарлс Линдберг сам го прелетал истото растојание. Истата година биле воведени редовни летови помеѓу САД и Канада, а во 1930 година почнал и развојот на млазниот мотор, кој започнува сериски да се вградува во авионите на почетокот на Втората светска војна. Авионите се користат и за комерцијални цели, како за превоз на патници така и за превоз на товар.

Remove ads

Типови авиони

Модерните авиони денес можат да летат со брзина од над 800 км/ч, а во зависност од типот, полетуваат со брзина од 130 до 290 км/ч.

Постојат неколку типови авиони:

  • мали авиони за тренинг и рекреација сè до големи патнички;
  • транспортни цивилни и воени авиони;
  • авиони чиј крила се собираат кога се на земја (фиксни неподвижни во лет) поради полесен транспорт или сместување на поголем број авиони на носачите на авиони;
  • авиони со променлива геометрија на крила. Овие авиони кога ќе ја постигнат оптималната брзина и висина при летање ги „повлекуват“ крилата кон трупот, со тоа се намалува нивниот распон.

Едни од најпознатите авиони во светот се : Боинг 727, Боинг 737, Боинг 747, Боинг 777, Ербас А320, Ербас А330, Ербас А340, Локид Л1011 ,МекДонел Даглас МД82, АТР72, Цесна 172 и др.

Remove ads

Фабрики за авиони

Најголеми и најпознати фабрики за изработка на авиони се „Боинг“ (Boeing) и „Ербас“ (Airbus). Постојат и други фабрики, како „Фокер“, „Даглас“, „АТР“, „Сааб“ итн., но првите две се со најголем број на продадени авиони. „Боинг“ е првиот произведувач на авиони, а седиштето му е во САД. Во минатото, „Боинг“ бил производител на најголемиот патнички авион во светот „Боинг 747“, познат како „Џамбо Џет“. „Боинг“ е водечки производител според бројот на продадени авиони, а нивниот најпопуларен авион „Боинг 737“ е продаден во повеќе примероци отколку сите продадени авиони од компанијата „Ербас“.

Ербас“ е произведувач на авиони од Европската унија, а акциите на компанијата се сопственост на повеќе фирми од ЕУ. „Ербас“ е компанија која го изработила најголемиот патнички авион во светот - „Airbus А380 Super Jumbo“. Станува збор за авион кој има две „палуби“ по целата должина на трупот и е во состојба да прими преку 550 патници.

Remove ads

Авионот како тема во уметноста и во популарната култура

Авионот како тема во книжевноста

Авионот како тема во музиката

  • Б-52-ки (англиски: The B-52's) — американска рок-група, основана во 1976 година.[7]
  • Авионот на Џеферсон (англиски: Jefferson Airplane) — американска рок-група, основана во 1965 година.[8]
  • „Авионите пеат“ (српски: Avioni pevaju) — песна на српската рок-група Бјесови од 1994 година.[9]
  • „Авион“ (англиски: Aeroplane) — песна на исландската поп-музичарка Бјорк (Björk) од 1993 година.[10]
  • „Авионот на Џонсонови“ (англиски: Johnson's Aeroplane) — песна на австралиската поп-рок група Инексес (INXS) од 1984 година.[11]
  • „ДЦ-10“ (англиски: DC-10) — песна на швајцарската панк-рок група Клинекс/ЛиЛиПУТ (Kleenex/LiLiPUT).[12]
  • „Во авионот над морето“ (англиски: In The Aeroplane Over The Sea) — музички албум на американска рок-група Њутрал милк хотел (Neutral Milk Hotel) од 1998 година.[13]
  • „Собори го авионот“ (англиски: Hit the plane down) — музички албум на американската рок-група Пејвмент (Pavement) од 1994 година.[14]
  • „Авиону ќе ти ги скршам крилата“ (српски: Avionu slomiću ti krila) — песна на српската рок-група Рибља чорба (Riblja Čorba).[15]
  • „Времето лета... но, авиониет се судираат“ (англиски: Time Flies......But Aeroplanes Crash) — музички албум на британската панк-рок група Сабхјуманс (Subhumans).[16]
  • „Бев пилот-камиказа“ (англиски: I Was a Kamikaze Pilot) — песна на австралиската рок-група Худу Гурус (Hoodoo Gurus) од 1984 година.[17]
  • „Приватен авион“ (англиски: Private Plane) — песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1985 година.[18]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads