Ексабајт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ексабајт (од англ. exabyte) е единица за податоци или складирање на сметачки податоци. Изведена е од SI-претставката „екса-“ и изнесува квинтилион бајти. Симболот на оваа единица е ЕБ (EB). кога се користи кај содржатели на бајтите, единицата означува степенување на основа на 1000:
- 1 ЕБ = 1.000.000.000.000.000.000 Б = 1018 бајти = 1 милијарда гигабајти = 1 милион терабајти
Поимот „ексбибајт“, кој има бинарна претставка, се користи за степенување на основа на 1024 бајти.
Начелно земено, еден 64-битен обработувач од обичен сметач може да адресира 16 ексбибајти, т.е. нешто над 18 ексабајти податоци.[1]
Remove ads
Употреба на ексабајтот
Од март 2010[update] , вкупниот светски проток на податоци на интернет за тој месец изнесувал околу 21 ексабајти.[2] Од мај 2009[update]
збирното колчество на содржини на интернет е проценто на 500 милијарди гигабајти, или 500 ексабајти.[3]
Според студија на IDC под покровителство на EMC, во 2006 г. се создадени 161 ексабајти податоци, односно „3 милиони пати повеќе информации од вкупната содржина на сите книги напишани во историјата“. Овој број се очекува да достигне 988 ексабајти во 2010 г.[4][5][6]
Според CSIRO, во следната деценија се очекува астрономите секој час да обработуваат 10 петабајти податоци добиени од телескопот „Квадратнокилометарски строј“ (Square Kilometre Array, SKA).[7] Ова значи дека телекскопот ќе дава по еден ексабајт податоци на секои четири дена. Според IBM, овој проект ќе создава по еден ексабајт дневно. IBM моментално изработува програм кој би можел да ги обработува овие информации.[8]
Неколку податотечни системи користат формати на дискови кои теоретски поддржуваат големини од по неколку ексабајти. Вакви се Btrfs, XFS, ZFS, exFAT и NTFS.
Податотечниот систем ext4 поддржува количества до 1 ексабајт, но досегашните кориснички алатки сè уште не се способно да работат со вакви системи.
Remove ads
Поврзано
- Бинарна претставка
- Ексбибајт
- Величински редови (податоци)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads