Ексохи
село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ексохи (грчки: Εξοχή), претходно Санаторион (Σανατόριον) и Фтисијатрио (Φθισιατρείον)[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.265 жители (2021).
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа источно од Солун, во западното подножје на планината Хортач. Лежи на 4 км југоисточно од Пејзаново под разгранокот Свети Илија.[2][3]
Историја
По Првата светска војна тука е изградено лекувалиште (санаториум) за болни од туберкулоза, а потоа постепено прераснало во излетничка и туристичка населба. За првпат се споменува во 1928 г. со 442 лица, претежно пациенти и персонал на болницата.[4]
Со исчезнувањето на туберкулозата, Ексохи пораснало во постојано село поради здравите услови, и во 1953 г. го сменило името во Ексохи (во превод излетиште).[4] На пописот од 1961 г. Санаторион се води одделно од Ексохи, но на подоцнежните пописи тие се споени.[4]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads