Елевација (перспектива)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Елевација (перспектива)
Remove ads

Елевација (од лат. elevatio) е ортографска проекција на 3-димензионален од гледиште на од гледиште на хоризонтална рамнина крај тој предмет. Со други зборови, елевацијата е страничен поглед, гледан од напред, назад, лево или десно.

Кратки факти Проекции ...
Thumb
Главна фасада на Пантеонот во Париз, од Жак-Жермен Суфло

Елевацијата е најчесто практикуваната метода за прикажување на конфигурацијата и деталите на 3-димензионален предмет во две димензии. Фасадите на зградите се прикажуваат со елевација во архитектонското и техничкото цртање.

Елевациите се најчест вид на проекција за приказ на изгледот на надворешноста на една зграда или градба. За оваа цел често се користат и перспективи. Елевацијата на една градба се бележи во однос на страните на светот на кои се протега; правецот од кој гледа набљудувачот. На пример. северната елевација на една зграда е страната која е најблиску свртена до географскиот север според компасот.[1]

Внатрешните елевации се користат за прикажување на детали во ентериерот како столаријата и украсите.

Во градежништвото, елевациите се неперспективни погледи на една градба. Тие се цртаат по размер, како би можеле да се извршат мерења од секој потребен аспект. Плановите можат да бидат во форма на бидат предни, задни и странични елевации. Во елевациите се назначени висините на гредите, позицијата на крајната наклонетост на земјиштето, надворешните дообработки, накосеноста на покривот и други детали потребни за оформување на обликот и надворешниот изглед на еден градежен објект.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads