Елена (месечина)
месечина на Сатурн From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Елена е месечина на Сатурн. Откриена е од Пјер Лак и Жан Лекашо во 1980 година со набљудување од Пик ду Миди Опсерваторијата,[1] и била означен како S/1980 S 6. [4] Во 1988 година го добила официјалното име по Елена Тројанска, која во грчката митологија била внука на Крон (Сатурн). [5] Елена во 1982 година исто така била означена и како Сатурн XII (12), и како Диона Б,[6] затоа што е коорбитална со Диона и се наоѓа во нејзината предна Лагранжова точка (L4). Таа е една од четирите познати тројански месечини.

Полидевк · Елена · Диона · Сатурн
Remove ads
Елена била забележана од Земјата во 1980 година, [4] а надлетувањата на Војаџер на Сатурн во раните 1980-ти овозможило запознавање со месечината одблизу. Мисијата Касини-Хајгенс, која отишла во орбитата околу Сатурн во 2004 година, обезбедила уште подобро запознавање и овозможила подлабока анализа на Елена, како и поглед на површината под различни услови на осветлување. Најблиските слики на Елена до денес се направени од вселенското летало Касини кое прелетало на 1800 км од нејзината површина на 3 март 2010 година, а во јуни 2011 година направена била уште една успешна сесија на снимање. Во текот на мисијата Касини имало уште многу други пристапувања.
Remove ads
Геологија
Сликите на Елена направени од вселенското летало Касини, со резолуција до 42 метри по пиксел, покажуваат пејзаж кој се одликува со широки вдлабнатини од 2 до 10 километри со внатрешна стрмнина не поголема од 12°. Овие басени се веројатно распаднати остатоци од стари ударни кратери.[7]
Тенки, издолжени и издигнати канали со должина од неколку километри се наоѓаат по стрмнините на многу од басените на Елена и веројатно се направени од огромни текови, што покажува дека Месечината е под влијание на активни геолошки процеси како губење на маса и ерозија. Дигиталните модели за одредување на височина наведуваат дека каналите имаат испакнат релјеф помеѓу 50 и 100 метри.
Симулациските модели покажуваат дека површинска активност на Елена е хаотична и се појавува во нерегуларни периоди.
Remove ads
Површински материјал
Површинскиот материјал на Елена е со релативно висока рефлексија, што укажува дека зрната се со големина од 1 до 100 микрометри. Малите кратери изгледаат како да се малку затрупани, што укажува на неодамнешни процеси од некој вид на насобирање.
Лабораториското тестирање за силината на ударот на примероците од месечевиот реголит, создадени со удар, покажуваат дека при мала густина тие се однесуваат како нењутнови „Бингам“ материјали, т.е. имаат пластични својства на восок и ледници. Ова наведува дека површинскиот материјал на Елена кој сличи на снег може да се однесува како не-Њутнови масивен тек и кој што воглавно е причината за видливите проточни модели што се гледаат на нејзината површина со мала гравитација.[7]
Remove ads
Избрани слики
Претежно необработени слики во црно-бела техника со близу инфрацрвени или ултравиолетови канали.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads