Еленец

манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Еленецmap
Remove ads

Церски манастир или Горноцерски манастир, но попознат како Еленецманастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во Ѓергииска Маала на селото Цера.[1]

Кратки факти Информации, Целосно име ...
Remove ads

Историја

Манастирот потекнува уште од римско време. Во неговиот денешен облик бил изграден врз темелите на стариот објект во 1880 година. Манастирот е изграден покрај една карпа, на која во длабнатината имало икона пред која се палеле свеќите. Низ годините манастирот претрпел оштетувања и инвентарот во него застарел. Поради тоа, во текот на 2010-тите започнала негова реконструкција, а притоа била подобрена и инфраструктурата со изградба на асфалтен пат за што биле обезбедени 270.000 евра од програмата ИПА за прекугранична соработка.[2][3]

Remove ads

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конаци, куќи, помошни објекти, трпезарија и чешма.

Црква „Покров на Пресвета Богородица“

Црквата претставува крстокуполен храм со сложена аритектура којашто се одликува со три куполи, полукружна апсида на источната стана и доградена камбанарија пред главниот влез на западната страна.

Настани

Благдени

Во чест на благденот Покров на Пресвета Богородица којшто се празнува на 14 октомври, во манастирот се одржува голем народен собир и многу луѓе ноќеваат во него.[4]

Бабина Баница

Бабина Баница е собир на пензионери којшто традиционално се одржува во месец јуни. Настанот е во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, а е поддржан од Општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица. Секоја година на настанот со културно-уметничка програма се собираат пензионери од цела Македонија, а се одржува и натпревар во подготовка на баница под вршник. натпреваруваат во подготовка на баница под вршник.[5]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads