Цера

село во Општина Македонска Каменица From Wikipedia, the free encyclopedia

Цераmap
Remove ads

Цера — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Цера се наоѓа во областа Осоговија, во западниот дел на Општина Македонска Каменица, од десната страна на Каменичка Река. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 780-1.100 м. Селскиот атар зафаќа површина од 27,9 км2.[2] Од Македонска Каменица е оддалечено 14,5 км.

Селото е традиционално поделено на Горна и Долна Цера. Маалата во селото се познатки како: Анќелковска Маала, Каралеоска, Маала, Станкова Маала, Ајдарска Маала, Стамболиска Маала, Бајрамска Маала, Вучковска Маала, Курбашовска Маала, Гребенска Маала, Средна Маала, Мутавџиска Маала, Градишка Маала, Доколенковци, Шопска Маала, Ѓерѓинци, Цветанска Маала и Средочка Маала.

Remove ads

Историја

Во Првата балканска војна, 9 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[3] Во Втората балканска војна, крај селото се воделе борби меѓу бугарските и српските војски.

Во XIX век, Цера било село во Малешевската каза на Отоманско Царство.

Стопанство

Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, шумите праовладуваат на површина од 1.124 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 690 ха, а на пасишта отпаѓаат 532 ха.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Цера живееле 910 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Цера имало 880 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.[6]

Од Цера се иселил значителен дел од населението. Така, во 1961 година селото броело 942 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 523 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Цера живеат 379 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 185 жители, од кои 166 Македонци, 1 Албанец и 18 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Маалото Ѓерѓинци

Во селото работи подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“, каде што се изведува настава до петто одделение. Освен тоа, во селото има амбуланта, земјоделска задруга и услужни објекти.[2]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Оризари.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 617 и 618 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[13]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[14]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Црквата „Покров на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[15]
  • Еленец — населба од доцноантичко време;
  • Фрлавиште — населба од доцноантичко време.
Манастири
Цркви
Реки
Споменици
  • Спомен-костурница на неколку илјади загинати српски војници во Битката кај Цера во Втората балканска војна.


Редовни настани

  • Бабина Баница — традиционална манифестација со натпревар во подготовка на баници под вршник;
  • Ден на дијаспората — собир на иселеници со потекло од селото.

Личности

Родени во Цера
  • Миленко Кокорски (1884 — 1924) — македонски револуционер и деец на ВМРО;[16]
  • Мите Церски (? — 1924) - македонски револуционер, кочански војвода на ВМРО.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads