Еленчиња

семејство инсекти From Wikipedia, the free encyclopedia

Еленчиња
Remove ads

Еленчиња или еленаци[1] (науч. Lucanidae) — семејство од 1.200 видови на тврдокрилни инсекти што се групираат во четири потсемејства[2] Неки видови достигнуваат 12 см, но највеќето растат до 5 см.

Кратки факти Еленчиња, Научна класификација ...

Мажјаците ги користат вилиците за борба со соперници исто како што тоа го прават елените со нивните рогови. Повод за борба се женки за парење и храна како растителни сокови и скапани овошки. Но покрај нивниот застрашувачки изглед, еленчињата не напаѓаат луѓе.

Женките се помали од мажјаците и имаат помали вилици. Додека се ларви, можат да се разпознаат по кремастите јајници што можат да се забележат во подолниот дел на грбот, под кожата.

Ларвите неколку години се хранат со гнили стебла на листопадни дрва, и минуваат низ 3 фази пред конечно да се изведат од кукла во посебна ќелија изработена од дрвени деланки и земја. Во последната фаза, ларвите на некои видови знаат да достигнат големина на човечки прст.

Remove ads

Во Македонија

Во Република Македонија живее само еден вид — еленчето (Lucanus cervus)[1]. Ова е најголемиот тврдокрилен инсект во земјата, и достигнува до 8 см во должина. Живее највеќе во дабови шуми, во изгниени стебла. Видот е заштитен со закон поради постепеното исчезнување[3].

Thumb
Еленче (Lucanus cervus) на марка од Македонска пошта (ФДЦ 18/98, 20 октомври 1998)
Thumb
Еленче во лет

Литература

  • Шапкарев, Јонче (1991). Зоологија на без‘рбетните животни. Скопје: НИО „Студенски збор“.

Наводи

Надворешни врски

Галерија на видови

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads