Ели Голдинг

британска пејачка From Wikipedia, the free encyclopedia

Ели Голдинг
Remove ads

Елена Џејн Голдинг (англ. Elena Jane Goulding; родена на 30 декември 1986 година) ― англиска пејачка и текстописец. Во јули 2009 година потпишала договор со издавачката куќа Polydor Records и почнала да работи на нејзиниот прв студиски албум, „Lights“, издаден во февруари 2010 година. Во ноември 2010 година го реиздала албумот под наслов „Bright Lights“, кој вклучувал неколку нови песни. Во октомври 2012 година, Голдинг го издала нејзиниот втор студиски албум „Halcyon“. Албумот бил реиздаден во август 2013 година под наслов „Halcyon Days“ со неколку нови песни, вклучувајќи го и хитот „Burn“.

Кратки факти Ели Голдинг, Роден(а) ...

По објавувањето на нејзиниот трет студиски албум, Delirium (2015) и успешниот водечки сингл „On My Mind“, Голдинг била номинирана за Греми награда за нејзиниот сингл „Love Me like You Do“, кој бил снимен за саундтракот од филмот Педесет нијанси сиво (2015).[1] Направила пауза од 2016 до 2020 година притоа борејќи се со анксиозно растројство и лажните медиумски тврдења за нејзиниот приватен живот.[2][3] Нејзиниот четврти студиски албум, Brightest Blue (2020), станал нејзин трет албум кој се нашол на врвот на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство.[4] Таа повторно соработувала со Калвин Харис на синглот „Miracle“ кој осум последователни недели се задржал на прво место на топ-листата за синглови во Велика Британија во 2023 година.[5] Петтиот студиски албум на Голдинг, Higher Than Heaven (2023), дебитирал на прво место во Обединетото Кралство, со што Голдинг се изедначила со Адел како Британка со најмногу албуми на прво место на Британската топ-листа за албуми.[6]

Голдинг добила многу признанија, вклучувајќи: три Британски музички награди (меѓу кои и престижната BRIT Billion Award), Billboard Music Award, 17 BMI London Awards, а двапати била номинирана за Греми награда.[7] Од TIME100 добила Impact Award за користење на нејзината платформа за заштита на животната средина.[8] Од Универзитетот во Кент добила почесна „диплома за доктор на уметности“ поради нејзиниот придонес и влијание во музиката.[9][10][11] Голдинг продала преку 27 милиони албуми и 216 милиони синглови и собрала 43 милијарди стримови ширум светот,[12] со што се вбројува меѓу најуспешните британски пејачки од XXI век.[13][14]

Remove ads

Рани години

Елена Џејн Голдинг е родена на 30 декември 1986 година[15] во Херефорд, Англија. Кога имала пет години, нејзините родители се разделиле и оттогаш таа многу ретко била во контакт со нејзиниот татко.[16] Голдинг и нејзините браќа и сестри биле одгледани од нивната мајка во општинска куќа,[17] а Голдинг семејството го опишала како „ептен сиромашно“.[18]

Голдинг почнала да свири кларинет на девет години и почнала да учи да свири на гитара на 14 години. На 15-годишна возраст почнала да пишува песни. Голдинг студирала драма, политика и англиски јазик на Универзитетот во Кент. Таму се запознала со Џејми Лиливајт кој станал нејзин менаџер и преку него се запознала со продуцентот Старсмит, кој ќе стане нејзин главен соработник и главен продуцент на Lights.[19]

Remove ads

Кариера

2009 ― 2011: Почетоци и прв албум

Thumb
Голдинг настапува на Nokia World во септември 2010 година

Иако Ели Голдинг во јули 2009 година потпишала за Polydor Records, нејзиниот прв сингл, "Under the Sheets", бил издаден на 15 ноември 2009 година преку независната издавачка куќа Neon Gold Records.[20][21][22] Пред објавувањето на нејзиниот прв албум, Голдинг победила на анкетата „Звукот на Би-би-си за 2010“ во која критичарите од музичката индустрија ги наведуваат ѕвездите во подем.[23] На Британските музички награди во 2010 година, исто така, ја освоила наградата по избор на критичарите, со што станала втор музичар кој ги освоил двете награди во иста година.[24]

Првиот албум на Голдинг, Lights, бил издаден во март 2010 година. Албумот се искачил на прво место на Британската топ-листа за албуми и на 6-то место на Ирската топ-листа за албуми.[25][26][27] Во август 2010 година, таа го издала второто EP, Run into the Light, кое содржело ремикси на песни од Lights. Во ноември 2010 година, Lights бил реиздаден под наслов Bright Lights, со шест нови песни. Преработката на песната „Your Song“ од Елтон Џон била објавена како прв сингл од албумот и стигнал до второ место на топ-листата за синглови во Велика Британија.[28] Исто така, се пласирал на топ-листите во некои европски земји.[29] Во јануари 2011 година, беше објавено дека насловната песна од Lights ќе служи како втор сингл од Bright Lights.[30] Песната „Lights“ стигнала до 49-то место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство[28] и станала прва песна од Голдинг на топ-листите во САД; во август 2012 година песната стигнала до второ место на аметиканската топ-листа Billboard Hot 100. [31]

Thumb
Голдинг настапува во живо во The Venue во Ванкувер, април 2011 година

На почетокот од 2011 година, снимила оригинална песна за филмот Живот во еден ден. Ели Голдинг била ставена на петто место на годишната жешка листа од Ролинг Стоун во февруари 2011 година.[32] Истиот месец на Британските музички награди била номинирана за најдобра британска пејачка и најдобар британски пробив, но загубила од Лора Марлинг и од Тини Темпа.[33]

Голдинг соработувала со американскиот електронски музичар и продуцент Скрилекс на песната насловена „Summit“, вклучена на неговото ЕР од 2011 година, Bangarang. На 19 септември 2011 година, било најавено дека таа ќе ги отвора концертите од турнејата на Кети Пери, заменувајќи ја Џеси Џеј која се повлекла поради повреда на стапалото.[34][35]

2012 ― 2014: Издавање на албумите Halcyon and Halcyon Days

Thumb
Голдинг настапува во Манчестерската академија во декември 2012 година

Во 2012 година, Голдинг се пеела на песната „Fall into the Sky“ од првиот албум на Зед Clarity и на песната од Калвин Харис „I Need Your Love“ која била вклучена во Halcyon и во албумот од Харис 18 Months. Во октомври 2012 година, Голдинг го издала нејзиниот втор студиски албум Halcyon. На албумот му претходел водечкиот сингл „Anything Could Happen“ издаден на 21 август.[36]

Голдинг придонела со песна под наслов „Bittersweet“ (продуцирана од Skrillex) за саундтракот од филомот Сага на самракот 2, објавена на 13 ноември 2012 година.[37] Го поддржувала Бруно Марс на неговата светска турнеја Moonshine Jungle на одредени датуми.[38] Албумот Halcyon бил реиздаден во август 2013 година под наслов Halcyon Days со неколку нови песни, вклучувајќи го и хитот „Burn“. "Burn" станал прв сингл на Голдинг на Британската топ-листа за синглови.[39]

Thumb
Голдинг настапува на фестивалот Ilosaarirock во јули 2014 година

На 19 февруари 2014 година, на Британските музички награди во 2014 година Голдинг ја освоила наградата за најдобра британска соло-пејачка.[40]

2015 ― 2021: Издавање на албумите Delirium и Brightest Blue

На почетокот од 2015 година, Голдинг ја објавила песната „Love Me like You Do“, која била вметната во саундтракот од филмот „Педесет нијанси сиво“, адаптиран од истоимениот еротски роман. Синглот бил комерцијален успех, поминал четири недели на прво место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство и се искачил на врвот на топ-листите во многу други држави, вклучувајќи ги: Австралија, Нов Зеланд и Германија. Синглот го држел рекордот за најстримувана песна во една недела во Обединетото Кралство (била стримувана 2,58 милиони пати) и во светот (15,5 милиони пати).[41] На 7 декември 2015 година, за песната „Love Me like You Do“ Голдинг била номинирана за Греми награда за најдобра поп соло-изведба.[1] Во номинациите за Британски музички награди објавени на 14 јануари 2016 година, песната била меѓу номинираните за британски сингл на годината и за најдобро британско видео.[42] Голдинг глумела во музичкото видео за песната од Тејлор Свифт „Bad Blood“, која била објавена во мај 2015 година.[43]

Голдинг се појавила на албумот од Major Lazer, Peace Is the Mission, на песната „Powerful", заедно со Тарус Рајли.

Thumb
Голдинг на Bumbershoot 2015 година

Третиот студиски албум на Голдинг, „Delirium“, бил издаден на 6 ноември 2015 година. Албумот бил поп-ориентиран и дебитирал на трето место на UK Albums Chart и Billboard 200, со што станал нејзин највисоко рангиран албум во САД до тој момент.

Thumb
Голдинг настапува во О2 Арената во 2016 година

На 19 август 2016 година таа ја објавила песната „Still Falling for You“ за саундтракот од филмот Бебето на Бриџит Џонс, а музичкото видео премиерно било прикажано на 25 август 2016 година.[44][45]

Голдинг соработувала со Дипло и Све Ли на синглот „Close to Me“, кој бил објавен на 24 октомври 2018 година.[46] На 1 јануари 2019 година, Гардијан објавил дека таа работи на нејзиниот четврти албум, кој треба да излезе истата година.[47] На 1 март, таа го издала следниот сингл „Flux“.[48]

На 12 април 2019 година, Голдинг го издала синглот „Sixteen“,[49] а на 26 јуни 2019 и синглот „Hate Me" во соработка со раперот Juice Wrld. Во ноември ја објавила нејзината изведба на божиќната песна од Џони Мичел „River “, која се искачила на врвот на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство, станувајќи нејзин трет сингл на прво место во Обединетото Кралство и последна песна на прво место во Обединетото Кралство во 2010-тите.[50]

На 13 март 2020 година, Голдинг го издала новиот сингл „Worry About Me“ кој бил направен во соработка со музичарот Blackbear.[51] На 21 мај 2020 година го издала синглот „Power“ и на 30 јуни синглот „Slow Granade“ со Лаув.

Голдинг го издала нејзиниот четврти студиски албум, Brightest Blue, на 17 јули 2020 година. Првично требало да биде објавен на 5 јуни 2020 година, но објавувањето било одложено поради пандемијата на КОВИД-19. Албумот дебитирал на врвот на Британската топ- -листа за албуми[52] и на второ место во Шкотска.[53] Албумот се пласирал меѓу првите 10 во Ирска [54] како и меѓу првите 40 во преку десет земји вклучувајќи ги: Австралија, Германија и Соединетите Американски Држави.

2022 ― 2023: Higher Than Heaven и Miracle

Thumb
Голдинг настапува на фестивалот Суперблум 2023 година

На 19 јуни 2022 година, Голдинг настапила на фестивалот Рок во Рио во Лисабон. На 19 октомври 2022 година Голдинг го објавила синглот „Let It Die“ и истиот ден истакнала дека нејзиниот петти студиски албум Higher Than Heaven ќе биде објавен на 3 февруари 2023 година.[55][56] Издавањето на албумот било одложувано повеќе пати и бил објавен на 7 април 2023 година.[57]

На 10 март 2023 година, Голдинг ја објавила нејзината трета соработка со Харис, „Miracle“, која наишла на комерцијален и критички успех и го означила враќањето на Голдинг на топ-листите на синглови и се искачил на прво место на Британската топ-листа за синглови.[58] Албумот од Голдинг Higher Than Heaven, во меѓувреме исто така се искачил на врвот на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство, а Голдинг за прв пат во нејзината кариера имала истовремено сингл и албум на прво место на топ-листите.[59] Албумот бил четврти албум на Голдинг на врвот на топ-листата во Обединетото Кралство со што таа се изедначила со Адел како британска соло-пејачка со најмногу албуми на прво место во историјата на топ-листата.[60] „Miracle“ осум последователни недели се задржал на врвот на топ-листата и станал нејзин сингл кој најдолго се задржал на прво место на топ-листата за синглови.[61] За „Miracle“, Голдинг била номинирана за Греми за најдобра поп-денс песна и за Брит награда за песна на годината.[62][63]

На 22 март 2023 година, Голдинг го издала синглот „By the End of the Night“.[64] [65] На 3 мај, на Голдинг ѝ била врачена престижната BRIT Billion награда од страна на Британската фонографска индустрија.[66]

2024―денес: Издавање на синглот Free

На 18 април 2024 година, Голдинг ненајавено објавила ремикс верзија од нејзината песна „Brightest Blue“.[67] На 30 април, Голдинг рекла дека работи со продуцентот Џек Рошон за нејзиниот шести студиски албум.[68]

По огромниот успех на нивната трета соработка, Голдинг и Харис навеле дека е можно повторно да соработатуваат. Тие на 26 јули 2024 година ја објавиле нивната четврта соработка „Free“.[69][70] Истиот ден, Старсмит објавил дека неговата соработка со Голдинг насловена како „Leave Me Slowly“, ќе биде објавена на 15 август.[71]

Remove ads

Дискографија

  • Lights (2010)
  • Halcyon (2012)
  • Delirium (2015)
  • Brightest Blue (2020)
  • Higher Than Heaven (2023)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads